Топлински печатач

(Пренасочено од Термички печатач)

Топлински печатач (термички печатач) — печатач кој произведува печатена слика со селективно загревање на прекриена термохроматска хартија, попозната како топилнска хартија, кога хартијата поминува преку главата на топлинскиот печатач. Прекривката се бои црна на местата каде што е загреана, произведувајќи слика. Двобојните директни топлински печатачи се способни, покрај црна, да печатат и друга боја (најчесто црвена), со загревање на две различни температури.

Топлинскопреносно печатење е сличен начин на печатење што користи лента чувствителна на топлина, наместо хартија[1].

Неопходни механизми уреди

Еден топлински печатач се состои од следниве главни делови:

  • Топлинска глава — произведува топлина; печати на хартија
  • Подлога — гумен цилиндар околу кој се врти хартијата
  • Пружина — ја притиска топлинската глава, со што предизвикува допир со термохроматската хартија
  • Контролни табли — за контролирање на механизмот

За да се печати нешто, прво се става термохроматската хартија помеѓу топлинската глава и подлогата. Печатачот испраќа струја во топлинскиот отпорник на топлинската глава, којашто произведува топлина по предодреден образец. Топлината го активира слојот за боење на термохроматската хартија, којашто се бои според образецот. Овој механизам на печатење е познат како топлински систем или директен систем.

Во хартијата е вградена цврста смеса од материјал за боење и соодветна матрица. Кога матрицата ќе се загрее над нејзината точка на топење, материјалот за боење стапува во реакција со киселината, се обојува, и се задржува во стабилна состојба кога матрицата повторно се стврднува. Видете термохромизам.

Во контролните табли се вградени микропрограми за да одржуваат механизмите на топлинскиот печатач. Овие особини на контролните табли се дизајнирани за повеќе функционалност и спецификации.

Микропрограмите (Firmware) можат да управуваат со повеќе типови на бар-кодови, графика и логоа. Му овозможуваат на корисникот избор од многу фонтови (меѓу кои и некои азиски фонтови) и големина на знаците и буквите.

Контролните табли известуваат кога има малку хартија, кога нема хартија, кога е отворена портата итн., и се достапни со повеќето вообичаени интерфејси.

Користење уреди

Топлинските печатачи печатат побрзо и почесто од матричните печатачи. Исто така се и поекономични [1], бидејќи им е потребна само хартија. Иако хартијата е поскапа, печатачите побрзо се полнат, речиси без чекање. Топлинските печатачи се користат и на бензински пумпи, киосци, самопослуги и слот-машини.

Низ деведесеттите, многу факс-машини ја користат технологијата на топлинско печатење. Сепак, кон почетокот на 21 век, топлинската технологија е истисната од топлинскопреносната, ласерската, и инкџет-печатачската технологија во факс-машините, за да се печати само на обична хартија.

Гејм-бој печатачот од 1998 година е мал топлински печатач што се користел за печатење на некои делови од некои ''Game boy'' игри.

Првите пројави на термо-чувствителни прекривки користени на топлинска хартија биле чувствителни на ненадејна топлина, нагризување, триење (што може да создаде топлина и да ја потемни хартијата), светлина (што може да ја осветли печатената слика) и вода. Сепак, модерните топлински прекривки имаат голема стабилност. Теоретски, топчински печатен текст би требало да остане здрав барем 50 години.

Болниците обично користат топлинска хартија за ултразвук на фетусите. Ова може да предизвика проблеми ако родителите сакаат да ја зачуваат сликата со пластифицирање, со што би потемнела целата слика заради топлината. Се препорачува да се тестира пластификаторот на топлинска хартија за факс, за да се види што ќе се случи. Друга опција е да се направи копија од сликата со обично мастило, и таа да се пластифицира, а претходно да се провери дали и копирањето може да ја потемни хартијата.

Извори уреди

  1. What Are Direct Thermal and Thermal Transfer RFID Printers?, RFID Radio
2. Информации за механизмите на топлинските печатачи за медицински, индустриски и POS апликации Архивирано на 30 октомври 2007 г.

Поврзано уреди