Терминатор 2: Судниот ден

Терминатор 2: Судниот ден (англиски: Terminator 2: Judgment Day) — американски филм, во режија на Џејмс Камерон. Главните улоги ги толкуваат: Арнолд Шварценегер, Линда Хамилтон и Роберт Патрик.

„Терминатор 2: Судниот Ден“
Плакат
РежисерЏејмс Камерон
ПродуцентЏејмс Камерон
Сценарист
Главни улоги
МузикаБред Фидел
КинематографијаАдам Гринберг
Монтажа
Студио
ДистрибутерTriStar Pictures
Премиерајули 1 1991 (1991-07-01) (Лос Анџелес)
јули 3 1991 (1991-07-03) (САД)
август 25 2017 (2017-08-25) (3D)(САД)
Времетраење137 минути
ЗемјаСАД
Јазиканглиски
Буџет$94–102 милиони
Бруто заработка$523.7 милиони

Содржина уреди

Сара Конор дознава дека нејзиниот син, Џон е последната надеж за да се спаси и одржи човештвото. Таа се претвора во вистински воин за да го советува и брани својот син од терминаторите кои се испратени од иднината за да го убијат Џон Конор. Поради нејзините апокалиптични визии, Сара ја сместуваат во лудница, а Џон го удомуваат. Од иднината пристигнува најновиот модел на терминатор Т-1000 со задача да го елиминира Џон. Меѓутоа, истовремено пристигнува и еден добар терминатор од постариот модел Т-800, чија мисија е да го заштити Џон Т. Т-1000 постојано и неуморно го бара Џон, но Т-800 му се противставува и го уништува Т-1000. Т-800, Сара и Џон дознаваат за Skynet и за Дајсон, решени да го спречаат Судниот Ден. Тие ја уништуваат опремата на Дајсон, а потоа Сара го уништува T-800 по негово барање, бидејќи не може самиот да се самоубие. Филмот завршува со мислите на Сара за иднината.[1]

Глумци уреди

За филмот уреди

Џејмс Камерон се одлучи да направи продолжение на првиот филм. Арнолд Шварценегер рече дека се чувствувал дека треба да се продолжи приказната на Терминатор, затоа тој и Хамилтон се согласија да ги репризираат улогите од првиот филм и тоа и го сторија. За улогата на Џон Конор беше избран Едвард Фурлонг од стотина кандидати којшто сакаа да го глумаат Џон Конор. Роберт Патрик беше избран за улогата на Т-1000 и тој имаше претходно глумечко искуство, за разлика од Едвард, кој немаше. За улогата на Мајлс Дајсон бил избран Џо Мортон. Камерон заедно со неговите ко-продуценти изнајми канцеларија во Холивуд, отпочнувајќи ја продукцијата на филмот, тоа го направи пред да ја состави екипата на филмот. Адам Гринберг беше избран за директор на кинематографија, а и Јозеф Немек III беше задолжен за продукцијата.

Наводи уреди

  1. Антена, број 843, 22.8.2014, стр. 21.