Терминалот се состои од тастатура и монитор. Терминалот може да биде приклучен на сметачот со кабел или со модем и телефонска линија ако е многу оддалечен од него. Тој се користи за интерактивна работа со сметачот.

DEC VT100, компјутерски терминал со широка емулација

Денешните терминали се наречени работни постојки кои имаат големи можности, бидејќи се опремени со моќни обработувачи и со големо внатрешно памтење. Наоѓаат голема примена на аеродромите, во банките, во индустријата итн.