Тервел

бугарски владетел

Тервел (уште и Тербел) е хан кој управувал со Бугарија од околу 700 до 721 година. Се претпоставува дека бил син на ханот Аспарух.

Тервел
Икона од Св. Тервел
Хан на Бугарија
На престол700–721
ПретходникАспарух
НаследникКормесиј
Роден(а)675[се бара извор]
Бугарско Царство
Починал(а)721
Бугарско Царство
ДецаТелериг
ДинастијаДуло
ТаткоАспарух

Сојузот со Јустинијан II уреди

 
Бугарија во времето на Тервел. Може да се забележи територијалната експанзија во 705 год.

Неговото управување се одликува со активна надворешна политика, а поточно со Византија. Во 705 година императорот Јустинијан II Ринотмет, преку Херсон пребегал кај него. Тервел се согласил да му помогне да се врати на престолот и со 15 000 војска дошол пред ѕидовите на Цариград. Јустинијан успеал да си ја врати круната, а на Тервел му ја дал покраината „Загоре“ и многу скапи дарови и титулата „кесар“ (цезар), совладар. Но во 708 Јустинијан решил да си ја врати земјата и се кренал на поход. Двете војски се судриле крај Анхиало, при што Бугарите победиле. Во 716 година склучил нов мировен договор со Византија, според кој таа и го признава правото на Бугарија врз Загоре, се задолжува да и плати скапо црвено крзно, обете земји да си ги враќаат бегалците, а стоки да се увезуваат само ако имаат државен печат. Се смета дека релјефот Мадарски коњаник е исечен по негова наредба.

 
Тервел на Бугарски моногнум
Претходник
Аспарух
Кан на Бугарија
околу 700–721
Наследник
Кормесиј