Тераса (филм од 1980)

Тераса (италијански: La terrazza) - италијански филм од 1980 година во режија на Еторе Скола (Ettore Scola), по сценариото на Аџеноре Инкрочи, Фурио Скарпели и Еторе Скола. Главните улоги ги играат: Виторио Гасман, Уго Тоњаци, Жан-Луј Трентињан, Марчело Мастројани, Стефанија Сандрели и Карла Гравина. Критичарите го оцениле филмот како симпатичен, интелигентен и политички ангажиран филм. Еден од најдобрите италијански режисери на сите времиња ангажирал одлични глумци – и на публиката ѝ го прикажува патувањето на страсните, но огорчени пријатели кои се осмелиле да се борат за своите верувања. Филмот изобилува со неверојатни реплики за правото на секое човечко суштество на среќа и љубов. Филмот освоил две „Златни палми“ на Канскиот филмски фестивал во 1980 година – за сценарио и за споредна женска улога (Карла Гравина). Поради неговото значење, филмот бил реставриран во 2015 година.[1]

Синопсис уреди

Филмот е болна а сепак смешна приказна за човековиот развој: скапи вина, трпеза преполна со храна, но луѓето празни – одвнатре. Сите престанале да се развиваат и се држат до своите замислени и закоравено зацртани улоги во животот.[1]

Наводи уреди