Темјанушки

семејство растенија
Темјанушки
Viola banksii
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Скриеносемени
Класа: Дикотиледони
Ред: Малпигиовидни
Семејство: Темјанушки
Batsch

Темјанушките[1][2], темјануги[3][4], синолички[5][6] или љубичици[7][8] (науч. Violaceae) — фамилија на скриеносемени растенија која се состои од околу 800 вида распоредени во 21 род. Името доаѓа од родот темјанушка или љубичица (Viola).

Постарите системи, како Кронквистовиот, ја сместуваа оваа фамилија во ред кој бил именуван по неа - Violales. Но, поновите класификациски системи ја сместуваат во редот Malpighiales

Опис уреди

Темјанушките се повеќегодишни растенија, но мал дел се годишни, најчесто грмушки. Простите листови може да алтернираат или да се наспрамни, често со лиснати или поретко со редуцирани прилисници. Некои видови имаат палмовидни оформени листови или длабоко всечени листови. Многу видови се бесстеблени (акаулесцентни). Соцветијата се со единечни цветови. Тие се хермафродитни, обично зигоморфни или актиноморфни, со чашка од пет чашкини ливчиња кои остануваат и по цветањето. Венчето е со 5 најчесто нееднакви венечни ливчиња, при што најантериорното венечно ливче е поголемо. Андрецеумот е претставен со пет прашници, од кои абаксијалниот е често насечен во основата. Гинецеумот се состои од три споени плодни ливчиња со една локула. Столпчето е просто, плодникот натцветен, со многу семенови зачетоци. Плодовите се капсули.

Систематика уреди

Потсемејство Fusispermoideae уреди

Потсемејство Leonioideae уреди

Потсемејство Violoideae уреди

Племе Rinoreeae уреди

Потплеме Hymenantherinae уреди
Потплеме Isodendriinae уреди
Потплеме Paypayrolinae уреди
Потплеме Rinoreinae уреди

Племе Violeae уреди

Темјанушките како мотив во уметноста уреди

  • „Синоличка“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.[9]
  • „Од што се направени темјанушките“ — песна за деца на Григор Витез.[10]
  • „Синолички“ — песна на македонскиот поет Стојан Тарапуза.[11]

Надворешни врски уреди

Наводи уреди