Телтов-Флеминг

округ во Германија

Телтов-Флеминг (германски: Teltow-Fläming) — округ во југозападниот дел на Бранденбург, Германија. Соседни окрузи се (од исток надесно) Даме-Шпревалд, Елба-Елстер, окрузите Витенберг во Саксонија-Анхалт, округот Потсдам-Мителмарк и главниот град и покраината Берлин.

Телтов-Флеминг
Teltow-Fläming

округ
Знаме на Телтов-Флеминг Teltow-FlämingГрб на Телтов-Флеминг Teltow-Fläming
Карта
Земја Германија
ПокраинаБранденбург
СедиштеЛукенвалде
Површина
 • Вкупна2,092 км2 (808 ми2)
Население (31 декември 2020)[1]
 • Вкупно171.554
 • Густина82/км2 (210/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.TF
Мреж. местоteltow-flaeming.de

Географија уреди

Округот е именуван по двете главни области. Телтов е земјоделски појас јужно од Берлин. Флеминг е пошумен ридски масив во јужниот дел; делот од областа сместен во округот е наречен Долен Флеминг, додека Горен Флеминг се наоѓа во округот Потсдам-Мителмарк.

Историја уреди

Округот бил создаден во декември 1993 со спојување на претходните окрузи Лукенвалде, Јитербог и Цосен, но исто така и мали делови од другите поранешни окрузи, како Лукау.

Разно уреди

Во периодот од 1997 до 2001, округот имал најголем пораст на БДП од сите окрузи во Германија со стапка од 56,1%.[2]

Флеминг-Скејт („Fläming-Skate“) — 160 километри долга патека специјализирана за возење ролерки, единствена од таков вид во Германија.

Интересно, градот Телтов не е дел од округот Телтов-Флеминг, како што и градот Даме не е дел од округот Даме-Шпревалд.

Грб уреди

  Грбот го покажува орелот на Бранденбург во левиот дел, бидејќи маркгрофовите на Бранденбург започнале да владеат со северниот и северозападниот дел на округот во 13 век. На десно е бастунот на игуменот. Ја симболизира верската држава Магдебург, на која припаѓале јужниот и средишниот дел на округот. Црнобелата шаховница потекнува од династијата Торгов, кои ја поседувале областа околу Цосен до 1478.

Градови и општини уреди

Слободни градови Слободни општини Општинска заедница
  1. Барут/Марк
  2. Јитербог
  3. Лукенвалде
  4. Лудвигсфелде
  5. Требин
  6. Цосен
  1. Ам Мелензе
  2. Бланкенфелде-Малов
  3. Гросберен
  4. Нидерер Флеминг
  5. Нидергерсдорф
  6. Нуте-Урштромтал
  7. Рангсдорф

1. Даме/Марк

  1. Даме1, 2
  2. Даметал
  3. Илов


1седиште на општинската заедница;2град

Наводи уреди

  1. „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2020 г.“. Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2021. (германски)
  2. Статија за економските услови во весникот Die Zeit

Надворешни врски уреди

52°5′N 13°18′E / 52.083° СГШ; 13.300° ИГД / 52.083; 13.300