Телеком Србија (српски: Телеком Србија) — српска телекомуникациска компанија со седиште во Белград, основана како акционерско друштво во јуни 1997 година. Во Македонија влегува на пазарот во 2021 година со почеток на сателитска телевизија, а скоро една година подоцна и со мобилна телефонија и интернет.

Телеком Србија
Матично име
Телеком Србија/Telekom Srbija
Видакционерско друштво
Дејносттелекомуникации
Основано23 мај 1997; пред 26 години (1997-05-23)
Седиште
Таковска 2, Белград
,
Србија
Опслужувани подрачја
Србија
Црна Гора
Босна и Херцеговина
Косово[б 1]
Австрија
Клучни личности
Предраг Ќулибрк
(Главен извршен директор)
Производификсна телефонија
мобилна телефонија
интернет пристап
ИТ услуги
ИПТВ
Доход 1,013 милијарди (2017)[1]
Нето-доход
124,39 милиони € (2017)[1]
Вкупно актива 2,191 милијарди € (2017)[2]
Вк. капитал 1,405 милијарди € (2017)[2]
Вработени
12.032 (2017)
ПодружнициТелус
Мтел Монтенегро
Телеком Српске
TS:Net B.V. Netherlands
HD-WIN d.o.o.
Mts banka a.d.
Mts d.o.o. Kosovo
GO4YU d.o.o.
Mts AntenaTV d.o.o.
Мреж. местоmts.rs
Белешки / наводи
Business ID: 17162543
Tax ID: 100002887
[3]

Сопственост уреди

Во директната продажба од 1997 година, 49% од акционерскиот капитал била приватизирана во износ од 1.568 милијарди марки , 29% на италијанскиот СТЕТ и 20% на грчкиот ОТЕ.

Во 2002 година, италијанскиот партнер го повлекол и го продал својот удел во српскиот телеком, па денес националното учество е 80%. ЈП за ПТТ сообраќај Србија, односно Република Србија како основач, сопственик е на 80% акции по откупувањето на италијанскиот дел во 2003 и задржува „златна акција“, врз основа на која има право на вето на сите важни стратешки одлуки на Управниот одбор. Управниот одбор се состои од претставници на двајцата акционери, а бројот на членовите е пропорционален на учеството во капиталот. Телеком Србија има 11.000 вработени.

Законски тела уреди

  • Собрание на акционери
  • Одбор на директори
  • Извршен комитет
  • Надзорен одбор
  • Генерален директор

Бизнис уреди

  • сите видови фиксни телекомуникациски услуги во границите и надвор од границите на Република Србија,
  • други фиксни говорни услуги,
  • услуги за пренос на податоци,
  • телематски услуги,
  • услуги со додадена вредност,
  • ДМИУ услуги,
  • интелигентни мрежни услуги,
  • фиксни сателитски услуги,
  • фиксни услуги за користење на DECT стандарди,
  • интернет услуги,
  • мултимедијални услуги
  • услуги за мобилна телефонија
  • изградба на објекти за врски
  • одржување и поправка на телекомуникациски објекти, постројки и мрежи
  • услуги на телефонски именик

Интернет магистрала уреди

Интернет магистрала - мрежа за обезбедување на стандардни интернет услуги. Мрежата е поврзана со странски семрежни услужници: C & W-USA и SEA-BONE-Italy.

Број на поврзани директни корисници во трговијата на големо: 667

Податоци за фиксната телефонија уреди

  • 3.031.779 претплатници[4]
  • 99,69% степен на дигитализација на фиксната мрежа[4]
  • Податоци за 2013 година.
  • Повеќе корисници со ширење на оптичката мрежа и проширувањето во други држави.

Податоци за мобилната телефонија уреди

Мобилната мрежа на Телеком Србија е основана на 9 јуни 1997 година. Оваа мрежа се нарекува Мобилна телефонија на Србија (МТС) или МТЕЛ во државите каде што оперираат.

Анализа направена во 2007 година:

  • Вкупен број на корисници .... 4.474.935
  • Претплата (припејд) ....... 3.771.905
  • Сметка(постпејд) ............ 703.030

Телеком Србија работи во неколку земји како што се Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Австрија, Швајцарија и Македонија. Во Србија работи како МНО оператор со сопствена мрежа.

Во Република Македонија започна со работа на 26 октомври 2022 година, како МВНО оператор кој ги користи двете достапни МНО мрежи во Македонија. За мобилни услуги и за домашен интернет ја изнајмува мобилната мрежа јана А1 Македонија. Во поглед на цените, МТЕЛ нуди мобилни пакети кои не се исплатливи на македонскиот пазар, за разлика конкуренцијата нуди подобри пакети и попусти доколку се искомбинираат: За 499ден нуди 4GB 4G интернет со неограничени разговори, за 999 денари нуди 20GB интернет со неограничени разговори и смс кон сите мрежи и за 1499 денари нуди 50GB интернет и неограничени разговори и смс и вклучени 2 бесплатни апликации во најскапиот пакет.

Мтел нудат и комбинирани пакети, ДУО со интернет и телевизија и ТРИО со интернет, телевизија и мобилна линија.

Припејд имаат две тарифи: mStart 14 и mStart 20, се купуваат припејд картичките по цена од 299 ден, односно 499 денари за mStart 20. Поволност за корисниците на припејд е бесплатното користење 2те апликации од телеком србија, балкан музик и мплај тв, секој месец со минимално дополнување од 299 денари.

Неофицијално се очекува спојување на Телеком Србија со Неотел, граѓаните на Република Македонија може да добијаат поповолни пакети во поглед на фиксниот интернет и комбинираните комбо услуги. Официјалното спојување ќе се дознае веднаш при ставањето на оптички и други интернет пакети.

САТЕЛИТСКА ТЕЛЕВИЗИЈА

Во република Македонија, Телеком Србија започнува со нудење на сателитска телевизија во ноември 2021 година. Понудени им се 3 пакети на граѓаните: за 349 денари имаат повеќе од 100тв канали, за 649 денари имаат повеќе од 130 тв канали со вклучен арена спорт и за 949 денари повеќе од 140тв канали. Во поглед на ХД канали, нудат неколку ХД канали, ама повеќето се во СД резолуција.

Заклучно со 25.10.2022 година, мтел нудеа 12 месеци 50% намалена претплата, после од 26.10.2022 година 10 месеци намалена претплата од 50%.

Интерактивна телевизија MOVE TV - Достапна насекаде каде што има интернет, платформата е базирана на ип протокол и со ОТТ andorid tv box. Цените се 199, 299 и 399 денари.

Белешки и наводи уреди

Белешки
  1. Косово е предмет на територијален спор помеѓу Република Србија и Република Косово. Како странски протекторат, Косово прогласило независност на 17 февруари 2008 г, но Србија и понатаму не го признава и тврди дека е нејзина суверена територија. Независноста на Косово не е целосно признаена од меѓународната заедница. Досега го признале 113 од вкупно 193 земји членки на ООН.
  1. 1,0 1,1 „КОНСОЛИДОВАНИ БИЛАНС УСПЕХА (2017) - Telekom Srbija a.d.“. apr.gov.rs (српски).[мртва врска]
  2. 2,0 2,1 „КОНСОЛИДОВАНИ БИЛАНС СТАЊА (2017) - Telekom Srbija a.d.“. apr.gov.rs (српски). Посетено на 15 септември 2018.[мртва врска]
  3. „Основни подаци о привредном друштву“. apr.gov.rs (српски). Serbian Business Registers Agency. Посетено на 28 февруари 2018.[мртва врска]
  4. 4,0 4,1 Beta, Novinska Agencija. „Problemi u prenosivosti brojeva u fiksnoj telefoniji“ (српски). Архивирано од изворникот на 2018-04-14. Посетено на 2018-07-05.

Надворешни врски уреди