Текстилна индустрија

Текстилната индустрија — гранка на индустријата која првенствено се занимава со преработка на влакнести суровини и изработка на предиво, ткаенини, плетени производи и друго, и добивање на нивни производи. Суровината може да биде природна или синтетичка со користење на производи од хемиската индустрија. Текстилната индустрија е една од најстарите индустрии во светот. Истата најрано се појавила и се развила на територијата на Велика Британија.

Текстилната компанија („Цверновка“) во Братислава, Словачка (1901-2004).
Текстилна компанија во Германија, 1975 година.

Памукот е најважното природно влакно во светот. Во 2007 година, глобалниот принос бил 25 милиони тони од 35 милиони хектари одгледувани во повеќе од 50 земји[1]. Постојат пет фази во процесот пред да се добие готов производ[2]: одгледување и собирање, подготвителни процеси, предење, добивање текстил за производство, завршна фаза за добивање готов производ.

Суровини уреди

Суровините кои се користат во текстилната индустрија, според своето потекло можат да бидат поделени на:

Поделба уреди

Според вид на производството уреди

Според видот на производството, текстилните компании се делат на:

  • фабрики за производство на текстилни предива и ткаенини
  • фабрики за готови текстилни производи – конфекција и трикотажа.

Според суровините уреди

Според суровините што ги користи, текстилните компании се делат на

  • памучна индустрија, како најразвиен вид на текстилна индустрија. Денес оваа текстилна гранка во најголем дел е развиена во земји кои се јавуваат како големи производители на памук како што се: Кина, Египет, Индија, Бразил, САД, Велика Британија, Франција, Германија, Русија.
  • волнена индустрија, како една од најстарите гранки на индустријата. Волната почнала најпрво да се преработува во Фландрија и Фиренца, а потоа и во Велика Британија. Исто така, таа е застапена во Италија и САД. Најголеми светски производители на волнено предено и ткаенини се Велика Британија, Русија, Јапонија, Кина и Франција, САД, Италија. Потоа, голем пораст на производството бележат и земјите што се познати производители на волна, а тоа се Австралија, Нов Зеланд, Аргентина и ЈАР.
  • индустрија за свила. Оваа индустрија е традиционална текстилна гранка за Кина, Јапонија, Тајван, Кореја. Природната свила сè до откривањето на вештачката била една од најважните суровини. Инаку, Кина е најголем производител на природна свила. Индија е втор голем производител во светот. Помеѓу двете светски војни Јапонија била водечка земја во производството на природна свила. Подоцна, таа развила производство на вештачки и синтетички влакна.
  • индустрија на лен, конопни и јутени производи . Доминантно место во производството на ленено платно во светот имаат Русија и Полска, а на конопни и јутени производи – Индија, Пакистан и Бангладеш.
  • конфекциска индустрија. Оваа индустрија денес има големи центри за производство во Париз, Лондон и Виена. Исто така, Париз е светска метропола на модата. Меѓутоа, Кина е најголемиот светски производител, пред сè поради евтината работна сила. Но во однос на производството на брендови, односно препознатливи марки, следење мода, производство од светски модни творци и пред сè присуство на висока мода се истакнуваат повеќе центри во Европа. Имено, главни центри се наоѓаат во Милано, Рим и др., а во Франција е Париз. Велика Британија – Манчестер, во САДЊујорк.

Текстилна индустрија во Македонија уреди

 
Географска разместеност на главните гранки на текстилната индустрија во Македонија

Период до Првата светска војна уреди

Првата текстилна фабрика на територијата на денешна Македонија била отворена во с. Дихово, Битолско, а покрај неа биле отворени уште три други, кои пак, едната се наоѓала во Магарево, Битолско, втората во Тетово и третата во Гевгелија. Покрај нив работеле и уште 12-ина други помали работилници, а најголем дел од нив бил сконцентриран во Битолско. Во сите овие работеле околу 800 лица.

Период до Втората светска војна уреди

Овој период се одликува со отворање на нови 14 фабрики во Скопје, Битола, Гевгелија, Струмица. Во нив работеле околу 455 лица. Во овој период градот Скопје го презел приматот на центар на текстилната индустрија од Битола.

Период до осамостојувањето уреди

 
Производство во конфекцијата „Единство“ - Струмица

Во овој период, текстилната индустрија силно се развила и го доживеала својот расцут. Имено, со Указ на Народното собрание на НР Македонија од 10 септември како индустриски претпријатија од текстилната индустрија биле прогласени десет фабрики. Во 1950 година била изградена и пуштена во редовно производство фабриката за свила „Нонча Камишова“ во Велес, а наредната 1951 година, фабриката за преработка на волна „Тодор Виповски Мерџан“ во Тетово и фабриката за преработка на памук „Македонка” во Штип. Така, во овој период биле поставени основите на текстилната индустрија и во некои други градови во државата. Наредниот втор импулс во развојот на текстилната индустрија во Македонија се појавил во околу 60-тите години, поточно околу 1958 и 1966 година. Во овие години вкупно биле изградени 22 текстилни фабрики и тоа речиси во сите делови на државата. Третото ширење на текстилната индустрија во Македонија се одвило од 1970 до 1985 година. Тогаш биле изградени 14 фабрики.

Во 1950 година биле вработени околу 3000 вработени во текстилната индустрија во Македонија, во наредната деценија околу 10500, додека пак, во 70-тите години овој број се удвоил на 21535 вработени. Вработеноста во текстилната индустрија продолжила да расте со мошне интензивно темпо и во наредните години достигнувајќи го својот максимум во 1990 година кога имало 61000 вработени. Исто така, од 55 претпријатија колку што постоеле во 1985 година, во 16 од нив работеле со по над 1000 вработени.

Период по осамостојувањето уреди

Во четвртиот период, кој започнал со осамостојувањето на Македонија, текстилната индустрија како и останатите индустриски гранки се нашле во транзиција. Зафатена од снажни трансформациони преоцеси и приватизација, значаен број од големите текстилни комбинати го намалиле производството, а добар дел од нив престанале да постојат. Наместо сложените текстилни комбинати во градовите со развиена текстилна индустрија, масовно биле формирани бројни мали текстилни претпријатија главно од конфекциска дејност кои работат на „Лон” – систем. Најголем дел од ова производство се пласира во земјите на ЕУ. Во 2003 година, бројот на вработени во оваа индустријата изнесувал околу 27 521 лице. Во последните години, бројката на вработени во текстилната индустрија изнесувала околу 35 000.

Текстилната индустрија е трета најзначајна индустриска гранка во Македонија. Производството на облека учествува со 12,73% во вкупното индустриско производство, а заедно со производството на текстил, учеството изнесува речиси 15%. Во 2009 година имало 1.930 претпријатија во текстилната индустрија, т.е. 4,3% од вкупниот број претпријатија во Македонија. Од нив, 600 биле производствени фирми. Речиси 50% од текстилните фирми се наоѓаат во Источна Македонија, а 87% се микро или мали претпријатија. Во 1998 година, извозот на текстилни производи учествувал со 31% во вкупниот македонски извоз, 17% во 2011 и 15,2% во 2014 година.[3]

Табела бр. 3 - Извозот на текстилни производи (1998-2014)[3]

Година Извоз (милиони долари)
1998 405
2005 539
2007 684,5
2008 766
2009 627,5
2010 620
2011 720
2012 658
2013 701,5
2014 748,4
Најголеми претпријатија за производство на текстил во Македонија, во 2019 година (според вкупниот приход)[4]
Претпријатие Вкупен приход (во милиони денари)
Комфи-Ангел 1 704
Адиент-Сеатинг 1 618
Адиент-Аутомотиве 1 032
Техникал Текстајлс 850
Г.С. Текстил 539
Иннацо Мак 325
Ветекс 290
Илфа-Текстил 278
Тетексјарн лимитед 235
Фротирка-компани 194
Лутекс 122
Алкалоид Берово 117
Фешн линк интернационал 111
ККШ-текстил 82
Јосиба-протект 71
Кате 70
Фролинг 53
Фротекс компани 51
СИН-АГ-95 50
Дреник М 41

Текстилната индустрија учествува со над 12% во создавањето на македонскиот БДП при што производството на облека изнесува со 7,55% додека учеството на производството на текстил изнесува 4,55%. Во 2019 година, текстилната индустрија на Македонија ја сочинувале 264 претпријатија од кои 6 се занимавале со подготовка и предење на текстилни влакна, 9 за ткаење на текстил, 55 за довршување на текстил, а 194 за производство на останати видови текстил. Според големината, 183 биле микро-претпријатија, 69 мали, 7 средни, а 5 биле големи претпријатија. Во поглед на географската распределба, најмногу текстилни претпријатија имало во Скопје (75), а потоа во Тетово (21), Струмица (17), Охрид (16), Прилеп (15), Штип (12) и Битола (11). Во јули 2020 година, просечната нето-плата во текстилната индустрија изнесувала 21 882 денари.[5]

Најголеми претпријатија за производство на текстил во Македонија, во 2019 година (според добивката)[6]
Претпријатие Добивка (во милиони денари)
Техникал Текстајлс 182
Адиент-Сеатинг 109
Комфи-Ангел 87,5
Адиент Аутомотиве 75
Г.С. Текстил 20,6
Јосиба-протект 15,6
Дреник М 13
Ветекс 12
Фролинг 11,2
Алкалоид Берово 9,6
Иннацо Мак 8,2
Фаст фешн линк 76 7,5
Лутекс 6,6
Гифти текс 6,4
Фротекс компани 5,9
СИН-АГ-95 2,5
Вами-пром 1,7
Тетексјарн лимитед 1,5
Донитекс 1,4
Генијафилтекс 1,4
Најголеми претпријатија за производство на текстил во Македонија, во 2019 година (според бројот на вработени)[6]
Претпријатие Вработени
Адиент-Сеатинг 2 170
Адиент Аутомотиве 1 603
Комфи-Ангел 808
Тетексјарн лимитед 179
Ветекс 165
Фротирка-компани 164
Техникал тексталјс 161
Кате 160
ККШ-тесктил 156
Иннацо Мак 144
Тевокс-ком 100
Алкалоид Берово 82
Фешн линк интернационал 75
Кара текс-АК 75
Нетам 50
Ведра текс 45
Лутекс 44
Г.С. Текстил 42
Јосиба-протект 34
Фротекс компани 30

Производството на облека во Македонија уреди

Во 2019 година, индустријата за облека во Македонија ја сочинувале 1 159 претпријатија од кои 739 биле микро-претпријатија, 384 мали, 29 средни и 7 големи. Од нив, 1 106 претпријатија биле ангажирани во производството на облека, освен облека од крзно; 6 претпријатија се занимавале со производство на предмети од крзно; а 52 со производство на плетена и „хеклана“ облека. Според географската распределба, најмногу претпријатија имало во Скопје (210), а потоа во Штип (112), Кочани (81), Тетово (70), Куманово (52), Прилеп (52), Гостивар (50) итн. Во јули 2020 година, просечната нето-плата во индустријата за облека во Македонија изнесувала 17 969 денари.[7]

Најголеми македонски претпријатија за производство на облека во 2019 година (според вкупниот приход)[7]
Претпријатие Вкупен приход (во милиони денари)
Окитекс 416,2
Арини фешн 407,2
Текстилна коорпорација 348,6
Лаура ГМБХ 290,2
Бенттон 281,9
Алекс-3 273,9
Тетекс 273,0
Кара 237,9
Мода 229,9
Алма 214,6
ВАВ 214,6
Ноел 209,6
ЕАМ 206,4
Алена 205,7
Семак фешн компани 203,4
Албатрос 200,5
Фалко 196,1
Конигтон 185,9
Текспорт 176,3
Империал НТТ 169,4
Најголеми македонски претпријатија за производство на облека во 2019 година (според добивката)[8]
Претпријатие Добивка (во милиони денари)
Алекс-3 99,8
Кара 93,6
Тетекс 34,0
Модна конфекција ЗЕН 25,6
ЕАМ 24,1
В и Е 21,7
Монд 18,1
Тексико 17,5
Стампа 16,2
Алма 14,8
Алена 14,2
Њу ера техтиле 13,9
Вабо 13,8
Тритекс трејд 13,1
Арини фешн 13,0
Евро-џинс 12,2
Фам моде 11,8
Мадако 11,1
Ланком 10,7
Империал НТТ 10,7
Најголеми македонски претпријатија за производство на облека во 2019 година (според бројот на вработени)[8]
Претпријатие Вработени
Ноел 549
Мода 538
Окитекс 467
Алена 426
Текстилна коорпорација 415
Босут 410
Албатрос 342
Конигтон 340
Алкон-текс 296
Штиптекс 295
Бреботекс 292
Империал НТТ 292
Тритекс трејд 281
Арини фешн 253
Модна конфекција Линеа 249
Ју-Ка 249
Камотекс 243
Фалко 240
Фам моде 240
Текспорт 237

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. Majeed, A (January 19, 2009), Cotton and textiles — the challenges ahead, Dawn-the Internet edition, Посетено на 2009-02-12
  2. „Machin processes“, Spinning the Web, Manchester City Council: Libraries, Архивирано од изворникот на 2008-10-23, Посетено на 2009-01-29
  3. 3,0 3,1 Мирче Јовановски, „Текстилците се борат за секој денар“, Економија и бизнис, година 18, број 201, 20 март 2015, стр. 42-43.
  4. Кирко Бошкоски, „Пандемијата силно ги погоди производителите на текстил“, Економија и бизнис, година 22, број 266, октомври 2020, стр. 80.
  5. Кирко Бошкоски, „Пандемијата силно ги погоди производителите на текстил“, Економија и бизнис, година 22, број 266, октомври 2020, стр. 80-83.
  6. 6,0 6,1 Кирко Бошкоски, „Пандемијата силно ги погоди производителите на текстил“, Економија и бизнис, година 22, број 266, октомври 2020, стр. 81.
  7. 7,0 7,1 Кирко Бошкоски, „Инвестирање во автоматски машини - можност за зголемена продуктивност и за зголемување на платите на вработените“, Економија и бизнис, година 22, број 266, октомври 2020, стр. 86.
  8. 8,0 8,1 Кирко Бошкоски, „Инвестирање во автоматски машини - можност за зголемена продуктивност и за зголемување на платите на вработените“, Економија и бизнис, година 22, број 266, октомври 2020, стр. 87.

Извори уреди

  • Collier, Ann M. (1970), A Handbook of Textiles, Pergamon Press, стр. 258, ISBN 0-08-018057-4
  • Copeland, Melvin Thomas. The cotton manufacturing industry of the United States (Harvard University Press, 1912) online
  • Cameron, Edward H. Samuel Slater, Father of American Manufactures (1960) scholarly biography
  • Conrad Jr., James L. "'Drive That Branch': Samuel Slater, the Power Loom, and the Writing of America's Textile History," Technology and Culture, Vol. 36, No. 1 (January 1995), pp. 1–28 in JSTOR
  • Earnshaw, Pat (1986). Lace Machines and Machine Laces. Batsford. ISBN 0713446846.
  • Griffiths, T., Hunt, P.A., and O’Brien, P. K. "Inventive activity in the British textile industry", Journal of Economic History, 52 (1992), pp. 881–906.
  • Griffiths, Trevor; Hunt, Philip; O’Brien, Patrick. "Scottish, Irish, and imperial connections: Parliament, the three kingdoms, and the mechanization of cotton spinning in eighteenth-century Britain," Economic History Review, Aug 2008, Vol. 61 Issue 3, pp 625–650
  • Hills, Richard Leslie (1993), Power from Steam: A History of the Stationary Steam Engine, Cambridge University Press, стр. 244, ISBN 9780521458344
  • Smelser; Neil J. Social Change in the Industrial Revolution: An Application of Theory to the British Cotton Industry (1959)
  • Tucker, Barbara M. "The Merchant, the Manufacturer, and the Factory Manager: The Case of Samuel Slater," Business History Review, Vol. 55, No. 3 (Autumn, 1981), pp. 297–313 in JSTOR
  • Tucker, Barbara M. Samuel Slater and the Origins of the American Textile Industry, 1790-1860 (1984)
  • Williams, Mike; Farnie (1992), Cotton Mills of Greater Manchester, Carnegie Publishing, ISBN 0-948789-89-1
  • Woytinsky, W. S., and E. S. Woytinsky. World Population and Production Trends and Outlooks (1953) pp. 1051–98; with many tables and maps on the worldwide textile industry in 19508

Надворешни врски уреди