Тегла е сад направен првенствено од стакло , наменет за чување воглавно на прехранбени намирници во цврста состојба, но и некои полутечни или течни . Воглавно е со цилиндрична форма, со широк отвор на врвот. За разлика од шишето, нема грло или е тоа многу кратко и широко.

Зимница чувана во тегли

Вообичаени намирници за чување во тегли се џем, мед, слатко, компот, но и зрнасте намирници како ориз, шеќер, макарони или за слатки. Незаобиколени се формата и амбалажта во подготовка на зимница . Поради формата теглите се практични и за чување на непрехранбени намирници.

Во македонскиот јазик, тегла поретко или воопшто не вклучува слични садови од други материјали. Пластични садови со таква формаа почесто се нарекуваат кутии или кантички. Керамички садови се нарекуваат ќупови.

Затоварачи за тегли најчесто се метални капачиња со навој , а исто така и од пластични капачиња на притисок. Кај теглите со помал отвор се користи чеп од плута.

Различни тегли за различна намена уреди