Твојот роденден (филм)

филм

Твојот роденден e македонски игран филм по сценарио на Емин Илхами, а во режија на Здравко Велимировиќ. Монтажер бил Драгомир Панков, а музиката ја компонирал Кирил Македонски.

„Твојот роденден“
РежисерЗдравко Велимировиќ
СценаристЕмин Илхами
Главни улогиПетре Прличко
Драги Крстевски
Киро Винокиќ
Предраг Дишљенковиќ
Рада Петрова
МузикаКирил Македонски
ДистрибутерВардар филм
Премиера1961
Времетраење20 мин.
ЗемјаНР Македонија СР Македонија
Јазикмакедонски

Премиерата била одржана во 1961 година.

Кратка содржина уреди

На роденденот на едно мало девојче, доаѓаат пријателите на нејзините родители. Добиените подароци се натрупуваат во нејзината соба и повеќето од нив се исти. Гостите ја забораваат малата славеничка и се затвораат во салонот. Започнува танцот, а постарите играат карти. Малечката останува сама. Соседите се вознемирени од бучавата и бараат од домарот да интервенира. Тој оди во станот каде што се слави. Вратата му ја отвора девојчето. Тоа го кани стариот добар домар во својата соба за да му ги покаже играчките. Сакајќи да и го разубави роденденот домарот се обидува да ја развесели малечката. Со помош на нејзините играчки ја внесува во светот на бајките. Куклите оживуваат и девојчето со радост учествува во нивната игра. Времето минува, веќе е доцна во ноќта и девојчето заспива. Домарот тивко заминува, оставајќи ја во ентериерот на нејзината соба, полна со играчки.

Надворешни врски уреди