Тбилиси

главен град на Грузија

Тбилиси (грузиски: თბილისი, до 1936 г. Тифлис) — главен град на Грузија. Се простира реката Кура и има околу 1.118.035 жители (2014).

Tбилиси
თბილისი
Поглед на Tбилиси თბილისი
Знаме на Tбилиси თბილისიАмблем на Tбилиси თბილისი
Амблем
Местоположба на Тбилиси во Грузија
Местоположба на Тбилиси во Грузија
Координати: 41°43′0″N 44°47′0″E / 41.71667° СГШ; 44.78333° ИГД / 41.71667; 44.78333
РепубликаГрузија
Основаноколу 450
Управа
 • ГрадоначалникКахабер Калаѕе
Површина
 • Вкупна726 км2 (280 ми2)
Надм. вис.&01010101010101010101010101013189999999380−770 м
Население (2014)
 • Вкупно1,118,035
Часовен појасгрузиско време (UTC+4)
Мреж. местоtbilisi.gov.ge

Тбилиси е основан во 458 г. од царот Вахтанг I Горгасали на местото на малечко селце, основано во IV век. После окупацијата од страна на Персија, арапите и селџуците, во 1122 градот е ослободен од персиска контрола, а во 1801 е освоен од Русија. Во време на владеењето на независна Грузија помеѓу 1918 и 1921 Тбилиси повторно е негов главен град. Во 1921 Грузија повторно е окупирана од Советска Русија и Тбилиси станува центар на Затавкаската СФСР, а подоцна на Грузиската ССР. Од 9 април 1991 Тбилиси повторно е главен град на независна Грузија.

Географија уреди

Местоположба уреди

 
Координатите на Тбилиси

Тбилиси е сместен јужен Кавказ на 41° 43' сев ш и 44° 47' ист д. Градот е сместен во источна Грузија на двете страни од реката Кура. Се простира на надморска висина од 380 до 770 метри и е опколен од три страни со планини.

Северно од градот има голем резервоар (попознат какоTбилишко езеро) кој е полн со канали за наводнување.

Клима уреди

Климата во Тбилиси се менува од суптропска до релативно блага континентална. Се одликува со врнежливи зими и топли лета.

Климатски податоци за Тбилиси
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 19.5
(67.1)
22.4
(72.3)
28.7
(83.7)
31.6
(88.9)
34.9
(94.8)
38.7
(101.7)
40.0
(104)
40.3
(104.5)
37.9
(100.2)
33.3
(91.9)
27.2
(81)
22.8
(73)
40.3
(104.5)
Прос. висока °C (°F) 5.9
(42.6)
7.1
(44.8)
12.2
(54)
19.3
(66.7)
23.1
(73.6)
27.5
(81.5)
31.0
(87.8)
30.2
(86.4)
26.1
(79)
19.4
(66.9)
12.7
(54.9)
7.8
(46)
18.6
(65.5)
Сред. дневна °C (°F) 1.5
(34.7)
2.4
(36.3)
6.8
(44.2)
13.0
(55.4)
17.0
(62.6)
21.1
(70)
24.5
(76.1)
23.7
(74.7)
19.8
(67.6)
13.6
(56.5)
7.8
(46)
3.4
(38.1)
12.9
(55.2)
Прос. ниска °C (°F) −1.5
(29.3)
−0.8
(30.6)
3.0
(37.4)
8.1
(46.6)
12.1
(53.8)
16.0
(60.8)
19.4
(66.9)
18.6
(65.5)
15.0
(59)
9.4
(48.9)
4.5
(40.1)
0.5
(32.9)
8.7
(47.7)
Најниска забележана °C (°F) −24.4
(−11.9)
−14.8
(5.4)
−12.8
(9)
−3.8
(25.2)
1.0
(33.8)
6.3
(43.3)
9.3
(48.7)
8.9
(48)
0.8
(33.4)
−6.4
(20.5)
−7.1
(19.2)
−20.5
(−4.9)
−24.4
(−11.9)
Прос. врнежи мм (ин) 20
(0.79)
29
(1.14)
31
(1.22)
51
(2.01)
84
(3.31)
84
(3.31)
41
(1.61)
43
(1.69)
35
(1.38)
41
(1.61)
35
(1.38)
23
(0.91)
517
(20.35)
Прос. бр. врнежливи денови (≥ 1 мм) 4.0 4.6 5.9 7.6 9.7 8.7 5.7 5.7 5.0 5.6 4.4 4.0 70.9
Сред. бр. сончеви часови месечно 99.2 104.4 142.6 171.0 213.9 249.0 257.3 248.0 207.0 164.3 102.0 93.0 2.051,7
Извор: Pogoda.ru.net,[1] Хонгконшка опсерваторија[2] подат. за прос. врнеж. денови и сонч. часови, Weatherbase (само крајности)[3]

Население и култура уреди

Демографија уреди

 
Грузиска галерија на теписи

Тбилиси е мултикултерен град. Во него живеат повеќе од 100 различни етнички групи. Околу 80% се етнички Грузијци, а другите поголеми се Руси, Ерменци, и Азери. А од помалите најзастапени се: Осети, Апхазијци, Украинци, Грци, Евреи, Естонци, Германци, Курди, Асиријанци, и други. Во последните години Турците и Кинезите се населуваат во градот и имаат еден од најголемите порасти во наталитетот.

 
Црквата Метеки навечер

Религија уреди

Повеќе од 85% од жителите на Тбилиси се христијани (најдоминантни се припадниците на Грузиската Православна црква]). Руската православна црква и Ерменската Апостолска Црква се исто така застапени. Католиците, Лутераните, Баптистите, и други христијани го сочинуваат малцинството. А исто така голем број (околу 8%) го практикуваат исламот (најмногу се Сунити). Јудаизмот е исто така присутен,но само мал дел (околуt 2%) го практикуваат. Тбилиси е исто така познат како град на верска толеранција, во кој има и Цркви,џамии и синагоги.

Спорт уреди

 
Стадионот на Локомотива од Тбилиси

Тбилиси има голема спортска историја Како и секоја земја која е блиску до арапскиот свет има големо влијание на боречките спортови. Во 1978, градот имаше околу 250 големи и мали спортски обележја, вклучувајќи 4 затворени и 6 отворени олимписки базени, 185 игралишта и сали за кошарка, 192 терени за одбојка, 82 ракометарски арени, 19 тениски игралишта, 31 фудбалски игралишта, и 5 стадиони. А додека сега најголем стадион е стадионот „Борис Паичаѕе“ со 55.000 седишта, адодека втор е стадионот Михели Месхи со 24.680 седишта. Додека спортската палата во Тбилиси собира околу 11.000 гледачи.

 
Стадионот „Борис Паичаѕе“

Најпопуларни спортови денес во Тбилиси се фудбал, рагби, кошарка, и борење.

Лого Клуб Спорт Стадион
  ФК Динамо Тбилиси Фудбал Борис Паичаѕе
  ФК Локомотив Тбилиси Фудбал Михели Месхи
  ФК Амери Тбилиси Фудбал Амери
  ФК ВИТ Георгиа Фудбал БИТ Грузија
  КК Динамо Тбилиси Кошарка кошаркарска сала „Вере“
  КК ТСУ Кошарка кошаркарска сала „Вере“

Mедиуми уреди

Поголрмиот дел ма медиумските компании во Гризија (вклучувајќиги и телевизиите, весниците и радијата)се сместени во Тбилиси. Градот е дом и на најпозната телевизија Рустави 2 која цекосно ја поддржуваше револуцијата на розата.Овој канал и каналот Мзе Тв се во сопственост на познатиот медиумски магнат Руперт Мурдох и неговата компанија.

Тбилиси има и голем броја на издавачки куќи.Некои од најпознатите весници и списанија се: 24 Saati (24 часа), Rezonansi (Резонанс, звучност), Alia, дневниот весник на англиски The Messenger, неделникот FINANCIAL, Georgia Today, и на англиски неделникот The Georgian Times.

Надвор од градот се најпознатите и највлијателните радиостаници во Тбилиси како: Imedi Radio (105.9FM), Fortuna, и Radio 105, кои имаат и национални концесии.

 
Главната зграда на TBC Bank на улицата Maрјанишвили

Архитектура уреди

Архитектурата во градо е мешавина од локална (Грузиска), со силни влијанија од винатискиот, еврипскиот и рускиот неокласицизам, и блискоисточни архитектонски влијанија. Стариот дел на градот, вклучувајќи го и Абанот-Убани, јасно дава на знаење дека тука преовладува азиската архитектура. Областите о Тбилиси кои се изградени во XIX век (Руставели Авенијата, Дистриктот Вера, итн.) имаат европски и руски неокласичен изглед.

Во XX век се гледа нови градби од стилот арт-ново. А додека во доцниот XX век градбите се со советски примеси и типични комунистички градби.

 
Стара зграда

Тоа вклучува големи градби, крупни блокови и поголеми пространства. По распадот на СССР и здобивањето на неѕависност почнува Тбилиси да се гради со современи зданија. Во иднина Тбилиси ќе има два облакодерни комплекси.Едниот е кулата Аксис и новата Аџарија Хотел/Бизнис Комплекс (во изградба) кои ќе бидат највисоките згради на Кавказот.

Културни објекти уреди

Тбилиси има голем број на згради од особен култиролошки интерес. Зградите на Парламентод и владата како и врховниот суд, се сместени во Тбилиси. Од големо значење на градот се и зградите на државната конзерваторија, државната опера (Paliashvili Opera House), Академскиот театар Марјанишвили, катедралата Самеба, Воронстов палатата (позната и какодетска куќа), многу државни музеи, националната библиотека, националната банка и многу други.Во советско време Тбилиси го заземаше 4 место во СССР по бројот на музеи.

Надвор од градот најпозната е тврдината Нарикала (IV-XVII век), црквата Арчисхати (VI век), катедралата Сиони (VIII век), и др.

Личности уреди

 
Поглед на Тбилиси од северната страна

Збратимени градови уреди

Збратимени градови на Тбилиси се:

 
Плоштадот на Слободата

Наводи уреди

  1. „Погода и Климат“. Pogoda.ru.net. Посетено на 19 December 2012.
  2. "Climatological Information for Tbilisi, Georgia" Архивирано на 20 ноември 2012 г. – Hong Kong Observatory
  3. „Tbilisi, Georgia Travel Weather Averages“. Weatherbase. Посетено на 19 December 2012.

Надворешни врски уреди

 
Желкиното езеро (Кус Tбa) во Јануари