Тајната од Ронда Брн — најпродаваната книга за самопомош од 2006 година. Напишана е според поранешниот филм кој го има истиот наслов. Книгата е врз основа на Законот за привлечност и според неа позитивното мислење може да донесе резултати кои ќе го променат животот, како што се зголемено богатство, здравје и среќа. Продадена е во повеќе од 19 милиони примероци и е преведена на 44 јазици,[1] но и покрај тоа привлече голема контроверзност, а беше и исмејувана и имитирана во неколку телевизиски програми.

Тајната
Cover
Published in English
26 ноември 2006 година

Историја уреди

„Тајната“ е напишана врз основа на поранешниот филм „ Тајната“ со истиот наслов, кој бил издаден во ДВД-формат во март 2006 година. Начело на филмот и на книгата е дека универзумот го управува еден природен закон наречен закон за привлечност за кој се вели дека делува преку привлекување на искуствата, ситуациите, настаните и луѓето во животот на една личност кои „одговараат на честотата“ на мислите и чувствата на тоа лице. Според тоа, се тврди дека позитивното размислување и позитивното чувство донесуваат резултати кои го менуваат животот како што се зголемено богатство, здравје и среќа.

Книгата на Валас Ватлс „Науката за збогатување“ од 1910 година,[2] која Брн ја добила од својата ќерка за време на нејзина лична траума во 2004 година, има многу големо влијание врз Тајната.[3][4] Брн прочитала и синтетизирала неколку класични книги и зборови на современи учители кои зборувале за античката мудрост и за начините на кои луѓето можат да го привлечат она што го посакуваат во своите животи.[се бара извор] Во книгата има многу цитати од овие луѓе.

Откако беше промовирана во две епизоди во „The Oprah Winfrey Show“, книгата го достигна врвот на списокот на бестселери на „New York Times“, каде што остана 146 последователни недели. Книгата беше преведена на 44 јазици,[5] и има повеќе од 21 милиони примероци во печат.[6] TСпоред една статија од „Forbes“ од 15 јануари 2009 година, книгата и филмот заработилe 300 милиони долари од продажбата, во голем дел благодарение на појавата во ТВ шоуто на Опра.[7]

Во 2009 година, беше издадена една книга за тинејџери, напишана од продуцентот на филмот, Пол Харингтон, со наслов „Тајната за тинејџерската моќ“. Брн исто така издаде еден календар и неколку последователни книги, вклучувајќи ја „Моќта“ во август 2010 година.

Законот за привлечност уреди

„Тајната“ го опишува Законот за привлечност како природен закон кој го одредува целосниот ред на универзумот и на нашите лични животи преку процесот на „слично привлекува слично“. Писателот тврди дека како што мислиме и се чувствуваме, соодветна честота се праќа во универзумот што ни ги привлекува назад настаните и околностите од истата честота. На пример, ако имате гневни мисли и се чувствувате лути, се тврди дека ќе привлечете кон вас настани и околности што ќе ве направат да се чувствувате уште погневни. Спротивно на тоа, ако мислите и се чувствувате позитивно, ќе привлечете позитивни настани и околности. Законот тврди дека посакуваните резултати, како што се задравјето, богатството и среќата можат да се привлечат едноставно преку менување на своите мисли и чувства. Не постои научна основа за овие тврдења.[8]

Резиме на книгата уреди

Книгата започнува со претставување и објаснување на механизмите на законот за привлечност, а потоа продолжува со опишување на неговите историски примени и големите мажи и жени во историјата за кои се тврди дека ја искористиле неговата моќ. Книгата го опишува законот како магнетна моќ емитирана преку мислите. Моќта на мислите е споредувана со кула за пренос која испраќа честота до универзумот а потоа истата се враќа во физичка или елементарна форма. Следно, претставен е творечки процес во три чекори за исполнување на соништата: Побарај (визуелизирај во филмот), Верувај и Прими. Овој творечки процес е врз основа на еден цитат од Библијата:[9] „И сите нешта, што и да било да побарате во молитва, верувајќи, ќе ги добиете“. (Матеј 21:22)

„Тајната" ги истакнува благодарноста и визуализацијата како двата најмоќни процеси кои помагаат да се добие она што се посакува. Таа тврди дека да бидеш благодарен ја качува честотата повисоко како и потврдува дека веруваш во тоа дека ќе го добиеш тоа што го посакуваш. За визуализацијата се вели дека помага да се фокусира умот да ја прати најјасната порака на универзумот. Дадени се неколку техники за процесот на визуелизација, како и примери за луѓе кои тврдат дека успешно го искористиле за да ги исполнат своите соништа.

Како на пример, ако една личност сака нова кола, преку размислувањето за новата кола, имајќи позитивни и благодарни чувства за колата како веќе да ја има, и овозможувајќи преку опипливи начини да ја добие новата кола ( на пример, тест возење на новата кола, или да се погрижи никој да не се паркира на просторот каде што би пристигнала новата кола); законот за привлечност ќе ги преуреди настаните за да овозможи колата да се манифестира во животот на таа личност.

Во следните поглавја се опишува како да се користи законот за привлечност посебно во областа на богатството, односите и здравјето. Книгата дава примери и начини како да се користи законот за привлечност за секој од нив. Последните поглавја нудат повеќе духовна перспектива на законот за привлечност и за тоа како се поврзува со животот на една личност и со светот.

Критика и пародија уреди

Тврдењата од книгата како и од филмот се многу контоверзни, и беа критикувани од страна на рецезенти и читатели во традиционалните и интернет медиумите. Книгата, исто така, беше жестоко критикувана од страна на поранешни верници и практичари, од кои некои тврдеа дека Тајната е замислена од авторот и дека единствени кои создаваат богатство и среќа од неа се авторот и издавачите.

Други тврдеа дека книгата нуди лажна надеж на оние кои имаат вистинска потреба од поконвенционална помош во нивните животи. На пример, во 2007 година Барбара Енрич, автор и општествен критичар, го исмеа советот од книгата за контрола на тежината, да „не се набљудуваат“ дебели луѓе.[10] Според списанието Religion Dispatches, Брн тврдела дека природните катастрофи ги напаѓаат оние „на иста честота како настанот“ и укажа на тоа дека жртвите од цунамито од 2006 година би можеле самите да се спасат.[11] Во бизнисите кои го користеа ДВД-то за обука или за градење на моралот на вработените, некои луѓе реагираа како тоа да е „трик“ и „вознемирувачки“, како да се „индоктринирани во еден култ“.[10]

Во 2009 година, Енрич ја објави книгата: „Позитивно-насочени:како безмилосната промоција на позитивното мислење ја ослабува Америка“ '[12] како реакција на книгите за „позитивно размислување“, како што е „Тајната“, кои не учат „ако ги сменам мислите можам да имам сè“.[13] Таа е загрижена затоа што ова претставува заблуда а дури е и опасно бидејќи така се избегнува справувањето со вистинските извори кои стојат позади проблемите.[14] Тоа го охрабрува „обвинувањето на жртвите, политичката удобност, и широкото-културно „бегство од реализмот“ сугерирајќи дека неуспехот е резултат на „недоволно силно“ обидување и „ недоволно цврсто верување во неизбежноста на успехот“. Тие кои биле „разочарани, лути или потиштени“ биле ‘жртви‘ или ‘губитници‘.[11] Енрич се залагаше не за „негативно мислење или очај“ туку за „реализам, проверување што всушност се случува и пронаоѓање начини за тоа да се промени“.[13]

Беше направена пародија на „Тајната“, заедно со саентологијата, во една епизода на „The IT Crowd“. Тоа беше пренасочено од Саентологија во„Просторологија“, чии следбеници веруваат дека желбите се остваруваат поради измислените науки за „спејстар нарачување“ и „фантазирање“.Исто така, книгата беше пародирана во една епизода на Симпсонови „Барт добива ‘Z‘“, каде Барт и дава на учителката книга со наслов „Одговорот“, која треба да и го смени животот откако тој ненамерно го уништи, потоа во епизодата „Брајан пишува бестселер“ на Семејно момче, како и во епизодата „Бандата станува екстремна: издание за преуредување на домот“ од Секогаш е сончево во Филаделфија. Војната за сè на ловецот, програма за новости со сатирична комедија на австралиската „ABC“ телевизиска мрежа, исто така направи пародија на Тајната на 16 мај, 2007 година со тестирање на идеите изнесени во книгата.[15]

Во „Adam Carolla Show“, д-р Дру изјави дека „Тајната“ е одговорна за тоа што луѓето користат „примитивно размислување“ наспроти всушност да заработуваат.[16]

Наводи уреди

  1. „The Hindustan Times“. Архивирано од изворникот на 20 јуни 2012. Посетено на 2013-01-08.
  2. Jerry Adler (2007), „Decoding 'The Secret', Newsweek, Архивирано од изворникот на 2012-04-26, Посетено на 2013-01-08
  3. The Secret, p. ix.
  4. „Making of The Secret :: Official Web Site of The Secret and The Power“. Thesecret.tv. Архивирано од изворникот на 2011-11-26. Посетено на 2011-11-29.
  5. „The Secret Book - World Languages :: Official Store for The Secret and The Power“. Store.thesecret.tv. Посетено на 2011-11-29.
  6. „Creative Biography :: Official Web Site of The Secret and The Power“. Thesecret.tv. Посетено на 2011-11-29.
  7. What People Are Still Willing To Pay For
  8. Carroll, Robert Todd (12 September 2010). „law of attraction“. The Skeptic's Dictionary. Посетено на 7 September 2012.
  9. The Secret, p. 47.
  10. 10,0 10,1 Ehrenreich, Barbara (27 February 2007). „The Secret of Mass Delusion“. The Huffington Post. Посетено на 29 October 2009.
  11. 11,0 11,1 Goldberg, Michelle (11 October 2009). „Barbara Ehrenreich's Bright-Sided Explores the Dark Side of Positive Thinking“. Religion Dispatches. Посетено на 29 October 2009.
  12. Ehrenreich, Barbara (2009). Bright-sided : how the relentless promotion of positive thinking has undermined America (1. изд.). New York: Metropolitan Books. стр. 235. ISBN 978-0-8050-8749-9. Посетено на 4 April 2010.
  13. 13,0 13,1 „Author Barbara Ehrenreich on 'Bright-Sided: How the Relentless Promotion of Positive Thinking Has Undermined America' (Transcript). Democracy Now!. 13 October 2009. Посетено на 29 October 2009.
  14. Robb, Amanda (October 2009). „Barbara Ehrenreich on the Downside of Optimism“. More.com. Архивирано од изворникот на 2009-10-28. Посетено на 29 October 2009.
  15. "Nut Job of the Week". The Chaser's War on Everything. Australian Broadcasting Corporation, Sydney, Australia. 2007-05-16.
  16. http://www.youtube.com/watch?v=psiUk8IA_10

Извори уреди