Тајната вечера (фреска)

Тајната вечера е ѕидна слика во доминиканската црква „Санта Марија дела Грација“ во Милано, сликана од 1494 до 1498 година. „Тајната вечера“ го прикажува клучниот момент на последната вечера што Исус им го поделил на 12-те апостоли.[1] Сликана е од врвниот уметник Леонардо да Винчи по порачка на кнезот на Милано, Лудовико Сфорца.[2] Таа црква војводата од Милано ја избрал за себе како семејна капела и мавзолеј, а во 1492 година Донато Браманте делумно ја реновирал. Сликата требало да го украсува севернот ѕид на црквата.

Тајната вечера
Il Cenacolo or L'Ultima Cena
Творец Леонардо да Винчи
Година 1495–1498
Вид Темпера, Креда
Димензии 460 см × 880 см
Место Санта Марија деле Гразие, Милано

Интересно е дека на оваа слика од Тајна вечера, Јуда седи на истата страна од масата со сите останати, исто како и Исус Христос и апостолите, за разлика од традиционалниот приказ каде седи наспроти нив.

Сликата го преживеала бомбардирањето на сојузниците во 1943; но влажните ѕидови внатре во црквата, набрзо предизвикале постојано влошување на целата слика.

Комплексната и радикална постапка на обновување била завршена во втората половина на 1990 година, така што делото од тогаш е повторно достапно во јавноста.

Физички одлики уреди

Димензиите на ова дело се 8,8 метри на 4,6 метри. Насликана е со силен слој на темперна од јајца на сува подлога. Под главниот слој на сликата, лежи груба составна структура која е направена со црвена боја, вообичаено за тоа време, како што тогаш се создале картонски скици и други помошни нацрти.

Анализа на уметничкото дело уреди

 
Скица на главата на Јуда (околу 1495 година) во кралската библиотека во Кулата Виндзор.

Сликата е позиционирана во задниот дел од едноставната голема просторија, а нејзината композиција сведочи за нејзината голема духовна моќ. За набљудувачот фреската делува како да е засечена во ѕидот. Во позадината се гледаат прозорци низ кои се гледа пејзаж. Целата композиција е исполнета со фигури, но во исто време е и избалансирана. На фреската е прикажан моментот кога Исус кажува „Еден од вас ќе ме издаде“. Историчарите на уметноста сметаат дека на композицијата може да се гледа како на иконографска интерпретација на евхаристија затоа што Исус покажува на лебот и виното, додека други пак сметаат дека сликата претставува само објавување на предавството.

Анатомско-физиогноматски елемент уреди

Секој од апостолите е на фреската е прикажан во поза која го опишува неговиот карактер. Разгледувајќи ги деталите може да се види енормен напор кој го влагал сликарот во „Тајна вечера“.Може да се тврди дека делото е симбиоза на три елементи кои Леонардо ги разликувал при создавањето, и тоа традицијата, верност како елемент кој го разликува од многуте други сликари- анатомско-физиогномичен пристап. За да нагласи овој аспект што најверен и најреалистични тој студирал пози, изрази на лицето на ликовите и физиономијата на многуте свои современици кои ги насликал. Тоа докажуваат буквите на самиот мајстор „ Поставувањата биле изведени од вистински луѓе од дворот и на основата на населението во Милано од тоа време.“

Леонардо го сфатил сликањето на ликовите на„Тајната вечера“ како и дел од своите анатомски истражувања и изучувања. Годините кои претходеле ги провел студирајќи на анатомија на човечка фигура. Од времето околу 1489 година потекнуваат голем број на студии посветени на човечката анатомија на черепот пронајдени денес во Кралската библиотека во Виндзор. Една од првите и најинтересните студии за оваа работа е во Виена во "Graphische Samlung Albertina" и доаѓа од 1490. година.

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. The Last Supper by Leonardo da Vinci –. „Santa Maria delle Grazie – Milan“. Inexhibit. Посетено на 10 November 2017.
  2. „Leonardo Da Vinci's 'The Last Supper' reveals more secrets“. sciencedaily.com. Посетено на March 3, 2014.

Надворешни врски уреди