Татјана Романовна Лебедева (руски:Татьяна Романовна Лебедева, родена на 21 јули 1976 во Стерлитамак) е руска атлетичарка која се натпреварува во техничките дисциплини скок во далечина и трискок.

Татјана Лебедева
Медали

Натпреварувач за  Русија
Олимписки игри
Сребрен медал – второ место Пекинг 2008 трискок
Сребрен медал – второ место Пекинг 2008 скок во далечина
Златен медал - прво место 2004 Атина скок во далечина
Бронзен медал – трето место 2004 Атина трискок
Сребрен медал – второ место 2000 Сиднеј трискок
Светски првенства
Златен медал - прво место 2001 Едмонтон Triple jump
Златен медал - прво место 2003 Париз Triple jump
Златен медал - прво место 2007 Осака Long jump
Сребрен медал – второ место 2007 ОСака Triple jump
Светски првенства во сала
Златен медал - прво место 2004 Будимпешта трискок
Златен медал - прво место 2004 Будимпешта скок во далечина
Сребрен медал – второ место 2001 Лисабон трискок
Европски првенства
Златен медал - прво место 2006 Гетеборг трискок
Европски првенства во сала
Златен медал - прво место 2000 Гент трискок

Кариерата ја започнала во 1998 година, кога станала и шампион на Русија во трискок. Во 2000, на Европското првенство во сала одржано во Гент го освоила златниот медал. На светското првенство во Едмонтон во 2001, Татјана го освои златниот медал во трискок, а златото го одбрани и на светското првенство во Париз во 2003. На светското првенство во сала одржано во Москва во 2004, таа прескокна 15,36m со што постави нов светски рекорд во сала во дисциплината трискок.

На Летните олимписки игри - 2004 одржани во Атина, Татјана го освои златниот медал во скок во далечина, но како голема фаворитка целосно потфрли во дисциплината трискок.

Во 2005, Лебедева не настапи на светското пвенство поради повреда, но успеа да победи на сите 6 митинзи од Златната лига со што доби награди вредна злато во вредност од 1,000,000$.

Во 2007, Татјана настапи на светското првенство каде што го освои златниот медал во скок во далечина и сребрениот во трискок.

На Летните олимписки игри - 2008, таа настапи во дисциплините трискок во која го освои сребрениот медал и во скок во далечина каде имаше исто остварување.

Во септември 2002, Татјана стана мајка, со раѓањето на ќерка и Настја.

Надворешни врски уреди