Тарнската Клисура (фр. Gorges du Tarn) е клисура низ која тече реката Тарн помеѓу висорамнините Кос Межан и Кос де Советер, во јужна Франција. Најголемиот дел од клисурата се протега во департманот Лозер, а помалиот навлегува во департманот Аверон. Подрачјето на клисурата е прогласено за природен предел од посебно значење[1]

Поглед на Тарнската Клисура

Клисурата започнува од селото Кезак и завршува кај Ле Розје во должина од 53 км (од 44°22′30″ СГШ 3°31′15″ ИГД до 44°11′36″ СГШ 3°12′20″ ИГД) и длабочина од 400-600 м.

Архитектура уреди

 
Кастелбук со запустениот замок (погоре)

Во минатото, по должината на клисурата се иградени многу замоци, од кои највеќето се средновековни. Интересни примери се Кастелбук, Ла Каз, Отериве, Ла Мален и Сен Ром де Долан.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Природни предели од посебно значење Архивирано на 16 ноември 2008 г. - Министерство за екологија на Франција (француски)

Надворешни врски уреди