Тал (филипински: Bulkang Taal) — сложен вулкан кој се наоѓа на островот Лусон на Филипините[1]. Тој е втор најактивен вулкан на Филипините со 33 историски ерупции. Сите овие ерупции се концентрирани на самиот остров, познат како Вулкански Остров, во близина на истоименото езеро. Езерото делумно ја исполнува купата на вулканот, која била формирана од праисториски ерупции помеѓу 140.000 и 5.380 пред сегашноста[2]. Гледано од Тагајтај, вулканот и езерото претставуваат еден од најживописните и привлечни погледи на Филипините[3] . Се наоѓа на околу 50 километри јужно од главниот град на земјата, градот Манила.

Тал
Bulkang Taal
Тал
Највисока точка
Надм. вис.311 м [1]
Координати14°0′7″N 120°59′34″E / 14.00194° СГШ; 120.99278° ИГД / 14.00194; 120.99278
Друго имеBulkang Taal
Географија
Тал на карта

Карта

МестоТалисај и Сан Николас, Батангас, Лусон, Филипини
Геологија
Видсложен вулкан
Вулкански лак/појасМаколодски Коридор
Последен избувоктомври до ноември 1977
Искачување
Најлесен патДанг Кастила

Вулканот имал неколку насилни ерупции во минатото, предизвикувајќи губење на животот на островот и населените области околу езерото, при што бројката на загинати се проценува на околу 5.000 до 6.000. Поради близината кон населените области и нејзината еруптивна историја, вулканот е прогласен за Декаден вулкан, идентификувајќи се како достоен за одредена студија како дел од програмата на ООН за намалување на природните катастрофи. Сите вулкани на Филипините се дел од Тихоокеанскиот Огнен Прстен.

Етимологија уреди

До 1821 година, вулканот Тал бил исто така познат и како Бомбоу[4].

Географија уреди

Вулканот и езерото се целосно сместени во провинцијата Батангас. Северната половина од Вулкански Остров спаѓа под јурисдикција на градот Талисај на брегот на езерото, а јужната половина на Сан Николас. Другите заедници кои го опкружуваат ги вклучуваат градовите Танауан и Липа и општините Талисај, Лорел, Агончило, Санта Терезита, Алитагтаг, Куенка, Балете и Матас на Кахој[5].

Постојаното населување на островот е забрането од Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија или PHIVOLCS, прогласувајќи го целиот вулкански остров како област со висок ризик и постојана опасната зона (PDZ)[6]. И покрај предупредувањата, сиромашните семејства се населиле на островот, ризикувајќи ги своите животи, заработувајќи за живот од риболов и земјоделски култури од богатите вулкански почви[7][8][9][10].

Вулканска Точка уреди

Кратерското езеро на Вулкански Остров е најголемото езеро во светот кое се наоѓа во езеро на самиот остров[11]. Освен тоа, ова езеро ја содржи т.н. Вулканска Точка, мал карпест остров што е остаток од стариот кратер, кој сега е опкружен со широкото езеро од 2 километри и кое сега се нарекува како главно кратерско езеро. Вулканска Точка често се наведува како најголем остров од трет ред (остров во едно езеро на островот во езеро на островот), иако исто така се тврди дека исто е именуван и едејн канадски остров кој се наоѓа на островот Викторија[12][13].

Скорешна активност уреди

 
Станица за мониторинг на островот Тал Вулкан.

Иако вулканот е заспан од 1977 година, тој покажал знак на активирање од 1991 година, со силна сеизмичка активност. Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија (PHIVOLCS) редовно издава известувања и предупредувања за актуелната активност во вулканот, вклучувајќи ги и сеизмичките немири кои се во тек[14].

2011 уреди

Од 9 април до 5 јули[15], нивото на предупредување за вулканот било зголемено од 1 на 2 за единаесет недели поради зголемената сеизмичност на вулканот. Честотата достигнала околу 115 тремори на 30 мај со максимален интензитет на IV, придружени со звуци на татнеж. Магмата навлегувала кон површината, како што укажува и континуираната висока стапка на емисии на CO2 во главното кратерско езеро и одржлива сеизмичка активност. Теренските мерења на 24 мај 2011 година покажале дека температурата на езерото е малку зголемена, pH вредностите се малку повеќе кисели и нивото на водата е 4 сантиметри повисоко. Истражувањето за деформација на земјата, направено околу Вулканскиот Остров, од 26 април до 3 мај 2011 година, покажало дека вулканското здание е надуено помалку во однос на истражувањето од 5 до 11 април 2011 година.[16]

2010 уреди

На 8 јуни, PHIVOLCS го подигнал статусот на вулканот на ниво 2[17], што укажува дека вулканот се соочува со магматски интрузија, што на крајот може да доведе до ерупција. PHIVOLCS ја потсетил јавноста дека главниот кратер останува надвор од границите, бидејќи може да се појават опасни експлозии на пареа, заедно со можното зголемување на отровните гасови. Областите со топла земја и емисија на пареа, како што се делови од патеката Daang Kastila, се сметале за опасни[18]. Во периодот од 11-24 мај, температурата на кратерското езеро се зголемила за 2-3 °C. Составот на водата на главното кратерско езеро покажало над нормални вредности на Mg/Cl, SO4/Cl. На 26 април, вулканската сеизмичност се зголемила.

Историја на избуви уреди

 
Кратерот Бининтјанг Малаки

Во Тал се регистрирани 33 ерупции од 1572 година. Првата ерупција на која има каков било запис се случила во 1572 година, кога августинските монаси го основале градот Тал на бреговите на езерото (денеска Сан Николас, Батангас). Во 1591 година, се случила друга блага ерупција на која биле прикажани огромни маси на чад што излегле од кратерот. Од 1605 до 1611 година, вулканот имал многу голема активност[19].

Помеѓу 1707 и 1731, центарот на активност се префрлила од главниот кратер на други делови на вулканскиот остров. Ерупциите од 1707 и 1715 година се случиле во кратерот Бининтјанг Малаки. Мали ерупции исто така произлегле од кратерот Бининтанг Мунти на најзападниот врв на островот во 1709 и 1729 година. Насилствен настан се случил на 24 септември 1716 година, кога целиот југоисточен дел на кратерот (Калаит), спроти планината Маколод, бил разнесен. Ерупцијата од 1731 година од Пира-Пирасо или источниот врв на островот создал нов остров. Не се направени студии за да се утврди дали Напајон или Бубуин бил формиран во ерупција.

Активноста се вратила во Главен кратер во 1749 година, и била запаметена поради тоа што била особено насилна (VEI = 4). Потоа дошла големата ерупција од 200 дена во 1754 година, најголема ерупција на вулканот.[19][20].

Потоа вулканот останал тивок 54 години, освен помали ерупции во 1790 година. Но до март 1808 се случила уште една голема ерупција. Додека оваа појава не била толку насилна како онаа во 1754 година, непосредната околина била прекриена со пепел на длабочина од 84 сантиметри. Оваа ерупција придонела за промени во внатрешноста на кратерот, според хроничарите од тоа време.

На 19 јули 1874 година, ерупцијата на гасови и пепел го уништила целиот добиток на островот. Од 12-15 ноември 1878 година, пепелот исфрлен од вулканот го опфатил целиот остров. Друга ерупција се случила во 1904 година, поради што бил формиран нов излез во југоисточниот ѕид на главниот кратер. Последната ерупција од главниот кратер била во 1911 година, која го создала сегашното езеро. Во 1965 година, огромна експлозија отсечила огромен дел од островот, преместувајќи ја активноста во нов центар за ерупции, Монт Табаро.

 
Избувот на 12 јануари 2020 г.

Вулканот избувнал на 12 јануари 2020 г. од главниот кратер, покачувајќи го степенот на тревога на 4.[21] Исфрлено е големо количество пепел врз подрачјето на Калабарсон, Метро Манила и некои делови од Централен Лусон, поради што е прогласена вонредна состојба — откажана е наставата во образованието, работните времиња на граѓаните и летовите.[22][23]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Taal Volcano“. Глобална програма за вулканизмоит. Смитсонова установа. Посетено на 2013-02-13. (англиски)
  2. "Taal Volcano", PHIVOLCS, посетено на 2012-12-03 (archived from the original on 2008-09-12)
  3. Herre, Albert W. (1927-12-14); "The Fisheries of Lake Taal, Luzon and Lake Naujan", Philippine Journal of Science, Vol. 34, No. 3, pp.287–303, 1927
  4. Roberts, Edmund (1837). Embassy to the Eastern Courts of Cochin-China, Siam, and Muscat. New York, NY: Harper & Brothers. стр. 60.
  5. (2011) "The Province map" Архивирано на 9 август 2011 г., Provincial Government of Batangas Web Site
  6. „NDCC Orders Close Watch on Mayon, Taal Volcanoes“. GMA News Online. July 21, 2009. Посетено на 2011-02-13.
  7. kostito (2009-12-13); "Photo – Taal Volcano Island" Архивирано на 5 ноември 2012 г., Panoramio, посетено на 2011-03-26
  8. mharada (2008-02-02); "Photo – Calauit, eastern shore of Volcano Island" Архивирано на 25 декември 2011 г., Panoramio, посетено на 2011-03-26
  9. vanpoperynghe (2006-11-08); "Photo – Le Volcan Taal 13" Архивирано на 5 ноември 2012 г., Panoramio, посетено на 2011-03-26
  10. Anuar T (2010-03-15); "Photo – Buco, Volcano Island. Sundown" Архивирано на 5 ноември 2012 г., Panoramio, посетено на 2011-03-26
  11. „Some interesting islands and lakes“. Elbruz. Посетено на 2014-02-01.
  12. „This ridiculous little island won't BLOW your mind, but it will BEND it…“. Архивирано од изворникот на 2016-02-16. Посетено на 12 February 2016.
  13. „World's Largest Island-in-a-lake-on-an-island-in-a-lake-on-an-island Seen on Google Earth“. Посетено на 12 February 2016.
  14. „Alert level 2 raised at Taal volcano“. The Philippine Star. June 9, 2010. Архивирано од изворникот на 2012-09-06. Посетено на 2011-02-13.
  15. "Taal Volcano Bulletin 09 April 20117:00 A.M." Архивирано на 28 септември 2013 г., PHIVOLCS, посетено на 2012-12-15
  16. Philippine Institute of Volcanology and Seismology (28 May 2011). „Taal Volcano Bulletin“. PHIVOLCS Website. Department of Science and Technology. Архивирано од изворникот на 2012-03-22. Посетено на 28 May 2011.
  17. „PHIVOLCS Taal Volcano Advisory, 8 Jun 2010“. Архивирано од изворникот на 2010-06-11. Посетено на 2017-12-28.
  18. 6,000 Taal villagers told to move out Архивирано на 12 јуни 2010 г. Philippine Daily Inquirer, 2010-06-09
  19. 19,0 19,1 Lyons, Norbert (1922-09); "Taal, One of the World's Great Volcanoes", American Chamber of Commerce Journal, Philippine Islands, p. 7 Оваа статија содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост.
  20. Taal Flyer Архивирано на 22 октомври 2018 г., Philippine institute of Volcanology and Seismology, посетено на 2010-11-27
  21. „Alert Level 3 raised as Taal volcano manifests steam-driven explosion“. Manila Bulletin. 12 January 2020. Архивирано од изворникот на 2020-01-12. Посетено на 2020-01-14.
  22. „List: Class suspensions due to Taal Volcano eruption“. Inquirer.net. 12 January 2020.
  23. „Taal eruption puts NAIA flights on hold“. GMA News. 12 January 2020.

Надворешни врски уреди