Тажачката за Игнасио Санчес Мехијас

Тажачка за Игнасио Санчес Мехијас (шпански: Llanto por Ignacio Sánchez Mejías) — збирка песни на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка од 1935 година.

Содржина уреди

Централно место во збирката има истоимената поема која се состои од четири дела:[1]

  • „Рана и смрт“ (La cogida y la muerte)
  • „Пролеана крв“ (La sangre derramada)
  • „Присутно тело“ (Cuerpo presente)
  • „Отсутна душа“ (Alma ausente)

Осврт кон делото уреди

Со „Тажачката за Игнасио Санчес Мехијас“ се заокружува поезијата на Лорка инспирирана од типично шпанските теми. Оваа збирка е поттикната од вистински настан - смртта на познатиот шпански тореадор, адвокатот Игнасио Санчес Мехијас, голем пријател на Лорка. Во изразено функционалната структура на четирите песни од „Тажачката“ пластично и сликовито се открива атмосферата на арената во која се одвива танцот на смртта. Притоа, преку емоционалниот набој проследен со бројните, повеќеслојни асоцијации за животот и смртта, оваа поема се крева од битовиот и натуралистички мотив кон сферата на слоевито, философско и интелектуално кажување.[2]

Наводи уреди

  1. Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 131-141.
  2. Матеја Матевски, „Федерико Гарсија Лорка 1898 - 1936“, во: Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 160-161.