Сјаење (англиски: The Shining) — хорор-филм од 1980 година, во режија на Стенли Кјубрик, кој е автор и на сценариото, засновано врз романот на Стефен Кинг. Главните улоги ги толкуваат: Џек Николсон, Шели Дувал, Дени Лојд, Скетмен Крадерс, Бери Нелсон итн.

Авторот Стивен Кинг беше извршен продуцент за поверна адаптација од 1997 година и продолжува да има измешани чувства во врска со верзијата на Кјубрик.
Езерото Света Мери со островот на дивата гуска се гледа за време на воведната сцена на The Shining.

Содржина уреди

 
Реклама во весник за улогата на Дени Торенс
 
Timberline Lodge во Орегон, кој служеше како надворешност на хотелот Overlook
 
Страна од сценариото „The Shining“ што го нагласува додавањето на сцената „Сите работа и без игра го прави Џек досадно момче“.
 
Ahwahnee Hotel (прикажан) го инспирираше изгледот на лобито и дневната соба на хотелот Overlook создадени во Elstree Studios.


Џек Торенс (го игра Николсон), писател и поранешен учител, добива работа во еден хотел во близината на Денвер, како чувар за време на зимската сезона, кога хотелот е затворен. Притоа, хотелот е на лош глас поради еден дамнешен настан, кога тогашниот чувар го масакрирал неговото семејство. Неговиот син Дени (го игра Лојд) има парапсихолошки способности: страда од синдромот на двоен идентитет и има необични визии. Пред да настапи зимата, Торенс, неговата сопруга Венди (ја игра Дувал) и Дени се сместуваат во хотелот, каде што живеат потполно сами, но набргу, целиот крај го зафаќа голема снежна бура и тричленото семејство останува отсечено. Постепено, Џек го зафаќа депресија и нему почнуваат да му се причинуваат некои ликови кои порано работеле во хотелот. Истовремено, на Дени постојано му се прикажуваат привиденија на двете близначки кои ги убил поранешниот чувар на хотелот. Наспроти забраната, еднаш тој влегува во собата со бројот 237 (каде што бил извршен масакрот) и се враќа со црвенило на вратот, предизвикано од нечиј обид да го задави. Венди, исплашена за животот на Дени, а и свесна дека Џек постепено полудува, првин се обидува разговара со него. Ама во тоа не успева и е принудена да го удри Џек по главата со палка, тоа го онесвестува, а потоа таа го затвора во магацинот за храна. Меѓутоа, Џек успева да излезе и поаѓа во потрага по Венди и Дени, со намера да ги убие. Истовремено, главниот готвач на хотелот, Дик Халоран, кој се наоѓа во Флорида, има визија дека нешто страшно ќе се случи во хотелот и веднаш доаѓа таму. Кога влегува внатре, него го убива Џек. Потоа, тој го брка Дени кој се крие во лавиринтот во дворот на хотелот. Сепак, Дени успева да го надмудри својот татко и да побегне заедно со мајка си, додека Џек останува замрзнат во лавиринтот.[1]

 
Машината за пишување на Џек
 
Големиот салон на Hotel Ahwahnee беше, во голем дел, модел за сетот на хотелот Overlook во Колорадо.


Улоги уреди


Наводи уреди