Сушица (Дебарско)

историско село во Дебарско

Сушица — историско село во Дебарско, денес на територијата на Општина Дебар.

Сушица
Сушица во рамките на Македонија
Сушица
Местоположба на Сушица во Македонија
Сушица на карта

Карта

Координати 41°30′58″N 20°29′27″E / 41.51611° СГШ; 20.49083° ИГД / 41.51611; 20.49083
Регион  Југозападен
Општина Дебар
Област Дебарско Поле
Население нема жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО
Надм. вис. 570 м

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓало во областа Дебарско Поле, а историски во Горни Дебар. Лежело околу 2 км југоисточно од Коњари и денес се наоѓа во неговиот атар.

Историја уреди

Во XIX век Сушица било мало село во Дебарската Каза на Отоманското Царство. Населението било македонско, но постои нејаснотија во врска со неговата вероисповед. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Сушица (Souchitza) била село со 8 домаќинства, со вкупно 17 „Албанцимуслимани.[2]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Сушица имала 76 жители, сите Македонци христијани.[3][4]

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 178-179.
  3. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 259. ISBN 954430424X.

Надворешни врски уреди