Суперкуп на Италија 2018

Суперкупот на Италија за 2018 година било 31-вото издание на Суперкупот на Италија, традиционален фудбалски натпревар во кој се среќаваат победниците од претходната сезона во Серија А и Купот на Италија. Бидејќи Јувентус ги освоил двете натпреварувања Серија А 2017-2018 и Купот на Италија 2017-2018, противник во натпреварот му бил вицешампионот на Купот на Италија, екипата на Милан.

Суперкуп на Италија 2018
ПрвенствоСуперкуп на Италија
Датум16 јануари 2019
СтадионКинг Абдула Спортс Сити, Џеда, Саудиска Арабија
СудијаЛука Банти
Гледачи61,235
2017
2019

Натпреварот се одиграл на 16 јануари 2019 година на Кинг Абдула Спортс Сити стадионот во Џеда, Саудиска Арабија.[1] Саудиска Арабија станала шестата земја која била домаќин на Суперкупот на Италија. Јувентус победил со 1-0, а стрелец на единствениот гол бил Кристијано Роналдо во 61-вата минута; Со тоа Јувентус станал првата екипа со 8 титули во Суперкупот на Италија.[2]

Преглед на натпреварот уреди

Ова бил трет натпревар помеѓу Јувентус и Милан во Суперкупот на Италија. Јувентус го добил првиот двобој во 2003 во Ист Ратерофрд на пенали, а Милан, исто така на пенали, победил во 2016 во Катар. Двата тима пред натпреварот имале рекордни седум титули во Суперкупот и овде дошле да се борат за осмата.

Веќе на самиот почеток се видени неколку солидни обиди за гол на двете страни, но топката не завршила во мрежата. Тоа се случило во 34-тата минута кога погодил фудбалерот на Јувентус Матуиди, меѓутоа, голот бил поништен поради офсајд. Нешто подоцна одлична шанса за гол за Јувентус имал и Кристијано Роналдо кога одлично шутирал од волеј, но топката која ја нафрлил Даглас Коста завршила над голот. На другата страна морал да реагира и Шченсни по ударот на Чалханоглу. Сепак, гол не паднал и на полувреме се отишло со почетниот резултат 0-0.

На стартот на второто полувреме дошла најдобрата шанса за Милан кога Кутроне по еден противнапад ја погодил пречката од голот на Јувентус. И набргу потоа после нешто повеќе од еден час игра паднал и првиот гол со кој Јувентус стигнал до водство, по додавањето на Пјаниќ, Роналдо се нашол сам на пет метри од голот на Милан и со глава ја сместил топката во мрежата. До крајот на натпреварот работите за Милан станале уште полоши, кога во 73-тата минута директен црвен картон заради еден остар старт добил Франк Кесие. Резултатот до крајот не се променил и Јувентус победил со 1-0. Ова била 8-мата титула за Јувентус во Суперкупот на Италија, со што поставиле нов рекорд во ова натпреварување со една титула повеќе од нивниот противник во овој натпревар Милан кој останал на 7.

Детали од натпреварот уреди

16 јануари 2019 (2019-01-16)
20:30 AST
Јувентус   1–0   Милан Кинг Абдула Спортс Сити, Џеда
Гледачи: 61,235
Судија: Лука Банти
Роналдо   61' Извештај
 
 
 
 
 
 
 
Јувентус
 
 
 
 
 
 
 
 
Милан
GK 1   Војќех Шченсни
RB 20   Жоао Кансело
CB 19   Леонардо Бонучи
CB 3   Џорџо Кјелини  
LB 12   Алекс Сандро   26'
CM 30   Родриго Бентанкур   86'
CM 5   Миралем Пјаниќ   44'   64'
CM 14   Блез Матуиди
RW 10   Пауло Дибала   90+4'
CF 7   Кристијано Роналдо
LW 11   Даглас Коста   89'
Замени:
GK 21   Карло Пинсољо
GK 22   Матија Перин
GK 32   Матија Дел Фаверо
DF 2   Матија Де Шиљо
DF 24   Даниеле Ругани
DF 37   Леонардо Спинацола
MF 6   Сами Хедира   89'
MF 23   Емре Џан   64'
FW 18   Моизе Кен
FW 33   Федерико Бернардески   86'
Тренер:
  Масимилијано Алегри
 
GK 99   Џанлујџи Донарума
RB 2   Давиде Калабрија   82'
CB 17   Кристијан Сапата
CB 13   Алесио Ромањоли     74'
LB 68   Рикардо Родригес   87'
CM 79   Франк Кесие   74'
CM 14   Тимуе Бакајоко
CM 39   Лукас Пакета   71'
RW 7   Саму Кастиљехо   45+2'   71'
CF 63   Патрик Кутроне   79'
LW 10   Хакан Чалханоглу   21'
Замени:
GK 25   Пепе Реина
GK 90   Антонио Донарума
DF 12   Андреја Конти   79'
DF 20   Игнацио Абате
DF 22   Матео Мусакио
DF 23   Иван Стриниќ
DF 93   Диего Лаксалт
MF 4   Хосе Маури
MF 16   Андреја Бертолачи
MF 18   Рикардо Монтоливо
FW 9   Гонсало Игуаин   71'
FW 11   Фабио Борини   71'
Тренер:
  Џенаро Гатузо

Помошни судии:
Фабијано Прети
Матео Пасери
Четврти судија:
Марко Ди Бело
Резервен помошен судија:
Даниеле Биндон
Video assistant referee:
Марко Гвида
Помошен video assistant referees:
Џанлука Вуото

Правила на натпреварот

  • 90 минути
  • 30 минути продолженија ако е потребно
  • Изведување пенали ако резултатот е нерешен
  • Најмногу дванаесет замени се дозволени, од кој три можат да бидат искористени.

Екипа победник уреди

 
Јувентус
Победник на Суперкупот на Италија 2018
8. титула
 

Погледнете исто така уреди

Наводи уреди

  1. „Italian Supercup to be played in Saudi Arabia“. Juventus. Посетено на 18 July 2018.
  2. „Supercoppa: Juve squeeze past Milan“. Football Italia. 16 January 2019.