Суперкуп на Италија 2002

Суперкупот на Италија за 2002 година било 15-тото издание на Суперкупот на Италија, традиционален фудбалски натпревар во кој се среќаваат победниците од претходната сезона во Серија А и Купот на Италија. Натпреварот се одиграл на 25 август 2002 година, на стадионот 11 јуни во Триполи, Либија.

Суперкуп на Италија 2002
Датум25 август 2002
СтадионСтадион 11 Јуни, Триполи, Либија
Играч на
натпреварот
Алесандро Дел Пјеро (Јувентус)
СудијаСтефано Фарина
2001
2003

Во Суперкупот на Италија 2002, се сретнале Јувентус шампионот во Серија за сезоната 2001-2002, и Парма победник во Купот на Италија 2001-2002. Ова бил петти настап за Јувентус (2 победи во 1995 и 1997), и четврти за Парма (победа во 1999). Двата клуба веќе еднаш се соочиле во Суперкупот, во 1995 година, кога Јувентус победил со 1-0.

Јувентус победил со 2-1 со головите на Алесандро Дел Пјеро и стигнал до својата трета титула во Суперкупот на Италија, додека стрелец на единствениот гол за Парма бил Марко Ди Вајо.

Натпреварот уреди

Прегед на натпреварот уреди

Првиот гол во натпреварот го постигнал капитенот на Јувентус, Алесандро Дел Пјеро во 38-мата минута по прекрасната асистенција на неговиот партнер во нападот Марсело Салас. Во 64-тата минута од натпреварот Парма израмнила на 1-1, со прекрасен погодок на Марко Ди Вајо со удар од 18-тина метри во спротивниот агол. Во 73-тата минута замената кај Јувентус, Марсело Залајета успеал да се ослободи од одбраната на Парма и да ја сврти топката во петерецот каде Дел Пјеро го постигнал својот втор гол во натпреварот со кој му ја донел победата на Јувентус и третиот Суперкуп во историјата на клубот.

Детали од натпреварот уреди

25 август 2002
21:00 ЦЕВ
Јувентус   2 – 1   Парма Стадион 11 јуни, Триполи
Гледачи: 40,000
Судија: Стефано Фарина
Дел Пјеро   38',   73' Извештај   64' Ди Вајо
 
 
 
 
 
 
 
Јувентус
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Парма
  Јувентус
GK 1   Џанлуиџи Буфон
DF 21   Лилијан Тирам
DF 13   Марк Јулиано  
DF 4   Паоло Монтеро
DF 24   Емилијано Морети   69'
MF 16   Мауро Каморанези     46'
MF 3   Алесио Такинарди
MF 20   Давиде Бајоко
MF 11   Павел Недвед
FW 9   Марсело Салас   72'
FW 10   Алесандро Дел Пјеро
Резерви:
GK 12   Антонио Кименти
DF 15   Алесандро Бириндели   69'
DF 2   Чиро Ферара
DF 6   Салваторе Фрези
MF 14   Кристијан Ѕенони
MF 27   Матео Бриги   46'
FW 25   Марсело Залајета   72'
Тренер:
  Марчело Липи
  Парма
GK 1   Себастијан Фреј
DF 2   Аимо Дијана  
DF 21   Матео Ферари
DF 5   Даниеле Бонера  
DF 3   Џанлука Фалсини
MF 7   Марко Маркиони
MF 8   Сабри Ламуши
MF 29   Масимо Донати   62'
MF 10   Хидетоши Наката
FW 20   Марко Ди Вајо
FW 9   Адријано   46'
Substitutes:
GK 22   Клаудио Тафарел
DF 28   Паоло Канаваро
DF 16   Жуниор
DF 24   Себастијано Сивиља
MF 6   Симоне Бароне   62'
MF   Матузалем
FW 11   Емилијано Бонацоли   46'
Тренер:
  Чезаре Прандели

Судии на натпреварот

  • Асистент судија:
  • Четврти судија:

Правила на натпреварот

  • 90 минути игра.
  • 30 минути продолжение ако е потребно.
  • Изведување на пенали ако се заврши нерешено.
  • Седум повикани резерви
  • Три можни замени.

Екипа победник уреди

 
Јувентус
Победник на Суперкупот на Италија 1997
3. титула
 

Надворешни врски уреди

  • „Italy Super Cup Finals“ (англиски).