Сумерски јазик

јазикот на древна Сумерија

Сумерски јазик бил јазик на античките жители на Сумер, кој се говорел во јужна Месопотамија (денешен Ирак), од 4-от милениум п.н.е. Се смета за најстариот пишан јазик, напишан е со клинесто писмо. Во текот на 3-от милениум п.н.е., се развила културна симбиоза меѓу Сумерите и луѓето од Акад, кој влучува и близок однос меѓу двата јазика и раширена двојазичност. Влијанието на сумерскиот и акадскиот јазик е очигледно во сите области, од масовните лексички позајмувања, до синтаксичките, морфолошките и фонетичките конвергенции.

Сумерски јазик
𒅴𒂠
eme-g̃ir, eme-gi
Застапен воСумер и Акад
ПодрачјеИрак (Месопотамија)
ЕраПотврдено постоење околу 3000 години п.н.е. Изумрел околу 2000–1800 г.п.н.е.; користен како класичен јазик до околу 100 година наша ера.
Јазично семејство
ПисмоКлинесто писмо
Јазични кодови
ISO 639-2sux
ISO 639-3sux
{{{mapalt}}}
Сумерски документ од 26 век п.н.е.

Акадскиот јазик постепено го заменил сумерскиот како говорен јазик, некаде околу преминот од трети во втори милениум п.н.е. но, сумерскиот продолжил да се користи како религиозен, церемониски, книжевен и научен јазик на Месопотамија до 1 век од нашата ера. Потоа бил заборавен до 19 век, кога се дешифрирале глинените таблици со клинестото писмо. Сумерскиот јазик е изолиран, без познати сродни јазици. Се предложувале врски со многу јазични семејства, но ниедна не е докажана.

Сумерскиот јазик поминал низ неколку фази:

Архаичен сумерски — 3100 – 2600 п.н.е.
Стар или класичен сумерски – 2600 – 2300 п.н.е.
Нео-сумерски — 2300 – 2100 п.н.е.
Доцен сумерски — 2000 – 1800 п.н.е.
Пост-сумерски — после 1700 п.н.е.

Фонетски одлики уреди

Многу особини на сумерскиот јазик не можат точно да се одредат поради начинот на кој е напишан: со клинестото писмо кое не ги бележи верно гласовите и за кој не е познат точен изговор на сите симболи.

Наводи уреди

  1. Gelb, Ignace J. „Sumerian language“. Encyclopædia Britannica Online. Encyclopædia Britannica. Посетено на 2011-07-30.
  2. Piotr Michalowski, "Sumerian," The Cambridge Encyclopedia of the World's Ancient Languages." Ed. Roger D. Woodard (2004, Cambridge University Press). Pages 19–59