Судир на кралеви е втората од седумте планирани книги во серијата фантастични романи Песна за мраз и оган на американскиот писател Џорџ Р. Р. Мартин. Објавена е на 16 ноември 1998 година во Обединетото Кралство, а во САД дури во февруари 1999 година[2]. Како и својот претходник, Игра на тронови, Судир на кралеви ја освои наградата Локус (во 1999 година) за најдобар роман, а истовремено е номиниран за наградата Небула (исто во 1999 година) за најдобар роман.

Судир на кралеви
АвторЏорџ Р. Р. Мартин
Изворен насловA Clash of Kings
ЗемјаСАД
ЈазикАнглиски
СеријалПесна за лед и оган
ЖанрФантазија
Издавач Bantam Spectra
Издадена
16 ноември 1998
Март, 1999
Страници969 (мека корица)
761 [1] (тврда корица)
Претходна'Игра на тронови 
Следна'Бура од мечеви 

Дејството во Судир на кралеви се надоврзува на дејството на Игра на тронови со неколку нови ликови-раскажувачи. Според романот е снимена втората сезона од серијалот Игра на тронови на HBO, која се прикажуваше во пролетта, 2012 година.

Романот ги следи судбините на низа ликови кои се соочуваат со ново-настанатите случувања по смртта на Едард Старк, патријархот на домот Старк. Семејството Ланистер го зазема престолот, држејќи ја Санса Старк како заложник, додека нејзината сестра Арја, талка низ кралството преправена во момче. Малиот Брен мора да владее со кралското седиште на Старк, додека неговиот постар брат Роб се подготвува за војна во југот. Главниот конфликт во романот произлегува од ликот на Станис Баратион, брат на починатиот крал Роберт, кој заслепен од одмазда, и магична поддршка од таинствената свештеница Мелисандра, го напаѓа кралскиот престол, што кулминира во директен напад со бродови на ѕидните на кралската престолнина.

Наводи уреди

  1. „Fiction review: A Clash of Kings. Publishers Weekly. February 1, 1999. Архивирано од изворникот June 10, 2013. Посетено на February 13, 2012.
  2. „A Clash of Kings (A Song of Ice and Fire #2)“. Goodreads. Посетено на May 16, 2022.