Судан на Олимписките игри

Судан првпат учествувал на Олимписки игри во 1960 година, и оттогаш испратил натпреварувачи на повеќето изданија на Летните олимписки игри. Земјата не учествувала на игрите во 1964, ги бојкотирала игрите во 1976 заедно со повеќето африкански земји, и го поддржала бојкотот предводен од САД на игрите во 1980 одржани во Москва. Судан никогаш не учествувал на Зимски олимписки игри.

Судан на Олимписките игри

Знаме на Судан
МОК-код  SUD
НОК Судански олимписки комитет
Олимписка историја
Летни олимпијади

Исмаил Ахмед Исмаил го донел првиот и единствениот медал за Судан на Олимписките игри, освојувајќи го второто место на трката на 800 метри на Летните олимписки игри 2008.

Националниот олимписки комитет на Судан е основан во 1956 година, а бил признаен од страна на Меѓународниот олимписки комитет во 1959 година.

Список на освојувачи на медали уреди

Медал Натпреварувач Игри Спорт Дисциплина
  Сребрен Исмаил Ахмед Исмаил   Пекинг 2008   Атлетика 800 метри

Наводи уреди

  • „Sudan Olympic Committee“. Меѓународен олимписки комитет. Посетено на 2011-06-14.