Сува Гора (Преспа)

планина во Мала Преспа, Албанија

Сува Гора или Сува Планина (албански: Mali i Thatë) — планина во Мала Преспа, југоисточна Албанија со мал крак во околината на Љубаништа и Свети Наум во Охридско, југозападна Македонија и дел во Долна Преспа, Егејска Македонија. Висока е 2.288 м и претставува јужно продолжение на Галичица. Се граничи со Преспанското Езеро на исток, Охридското Езеро на северозапад и гледа кон градот Поградец на запад. Се протега во должина од 25 км во правец север-југ, а широка е 8 км во средишниот дел. Највиско место на планината е Вир (Pllaja e Pusit), на нешто поголема височина од врвот на самата Галичица во потесна смисла. Од овој врв се гледаат неколку планини во Албанија, Охридското и Преспанското Езеро, како и планината Баба на Пелистер (2.601 м) — трета по висина во Македонија.

Сува Гора
Mali i Thatë
Поглед на билото на Сува Гора кон Грамошта во далечината, на растојание од 65 км
Највисока точка
ВрвВир
Надм. вис.2.288 м [1]
Координати40°53′00″N 20°50′00″E / 40.8833° СГШ; 20.8333° ИГД / 40.8833; 20.8333
Географија
Сува Гора на карта

Карта

МестоМала Преспа, Албанија
Матичен венецГаличица
Геологија
Старост на карпатамезозоик
Видваровничка
Карта

Планината има антиклинален облик и е речиси целосно сочинета од мезозојски варовнички образби.[2] Падините се карпести и каменливи (особено од западната страна), додека пак билото е речиси рамно, но полно со карстни шуплини.

Сртови уреди

Планината има неколку сртови со одделно име кои се вон нејзиниот средиштен дел: Дева (1.373 м), Калуѓер (1.480 м), Слива (1.414 м) и Цуцул (1.455 м).

Планинарење уреди

Планината најдобро се искачува од страната на Поградец, почнувајќи од селото Аларуп, преку с. Грабовица па на исток до селата Блаце и Братомир.[3]

Растителност и ресурси уреди

Растителноста на Сува Гора претежно се состои од пасишта, додека источната страна кон Пустец е обрасната со буково-дабови шуми и честак.

Кај селото Горна Горица почвата е богата со железната руда боксит и наоѓалишта на креда.[2]

Историски настани уреди

Во Албанската буна од 1911 г. на Сува Гора се одвивале борби, во кои влашката чета на војводата Спиро Белкамени го поразила отоманскиот контингент.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Вир — GeoNames
  2. 2,0 2,1 "Fjalori Enciklopedik Shqiptar", Akademia e Shkencave e RPSSH, Tiranë, 1985 стр. 664
  3. „Охридско Езеро: Започнете го вашето патување“ (PDF). МСЗП. Меѓународен сојуз за заштита на природата. Архивирано од изворникот (PDF) на 2022-02-27. (македонски)

Надворешни врски уреди