Стрисовци

село во Општина Пробиштип

Стрисовци — село во Општина Пробиштип, во Злетовско-пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип.

Стрисовци

Куќи во селото Стрисовци

Стрисовци во рамките на Македонија
Стрисовци
Местоположба на Стрисовци во Македонија
Стрисовци на карта

Карта

Координати 41°57′57.96″N 22°05′51″E / 41.9661000° СГШ; 22.09750° ИГД / 41.9661000; 22.09750
Регион  Источен
Општина  Пробиштип
Население 18 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2210
Повик. бр. 032
Шифра на КО 21031
Надм. вис. 490 м
Стрисовци на општинската карта

Атарот на Стрисовци во рамките на општината
Стрисовци на Ризницата

Географија и местоположба уреди

 
Селската чешма

Селото се наоѓа на крајниот западен дел на територијата на Општина Пробиштип, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Свети Николе.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 490 метри.[2]

До селото се стигнува преку регионалниот пат 1205, преку исклучување во самиот град Пробиштип, а потоа патот продолжува преку селото Плешенци и Долни Стубол, каде повторно се исклучува и до селото води асфалтен пат.

Историја уреди

Според народното предание, Стрисовци е старо село, чии христијански жители биле принудени да се иселат и во него се населиле Турци. Последни се иселиле Сатиевци (Сатчиевци) кон крајот на XVIII век, кои преминале во селата Горно Барбарево и Дренак. Во XX век покрај селските гробишта се забележуваат основи на црквичка, за која што се тврди дека била посветена на Света Петка.[3]

Стопанство уреди

Атарот на селото зафаќа простор од 16,4 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 746 хектари, на пасиштата отпаѓаат 731 хектар, а на шумите само 72 хектари.[2]

Во основа, може да се каже дека селото има полјоделско-сточарска функција.[2]

Во селото се одгледуваат овци, крави и мал број на кози, додека од земјоделските култури најзастапени се житните култури, граорот, вишните и лозјето.

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948433—    
1953448+3.5%
1961401−10.5%
1971287−28.4%
1981177−38.3%
ГодинаНас.±%
199190−49.2%
199486−4.4%
200254−37.2%
202118−66.7%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Стрисовци живееле 500 жители, сите Турци.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[5]

Селото е населено со македонско население, но од него се иселил значителен број од населението. Така, селото во 1961 година броело 401 жител, а во 1994 година бројот се намалил на 86 жители.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Стрисовци живееле 54 жители, сите Македонци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 18 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 500 433 448 401 287 177 90 86 54 18
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови уреди

Стрисовци е македонско село.[3]

Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:

  • Доселеници од Горно Барбарево: Шукевци-Фудулци, Дејановци, Чулевци, Сатиевци, Голубановци, Балабановци, Барборковци и Стојчевци.
  • Доселеници од Долно Барбарево: Ѓорчевци, Каревци, Гаџевци, Богоевци, Чупевци и Каракашци.
  • Доселеници помеѓу 1935-1936 година, како резултат на спроведената аргарна реформа, во Стрисовци се населуваат родовите: Герџовци (од Лесново), Клупчарци (од Горно Кратово), Парговци (од Крилатица), Куковци (од Опила), Бошавци (од Псача) и Бојковци-Јанковци (од Луке).

Самоуправа и политика уреди

Кон крајот на XIX век, Стрисовци било село во Кратовската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пробиштип.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Трооло, во која покрај селото Стрисовци, се наоѓале и селата Бучиште, Гајранци, Гујновци, Зарапинци, Куково, Лезово, Пестришино, Пуздерци и Трооло. Општината Трооло постоела и во периодот 1950-1952 година.

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1561 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватна куќа.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 15 гласачи.[12] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 11 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости уреди

Цркви
Споменици
  • Спомен-плоча посветена на загинати борци на НОБ
Реки[14]

Редовни настани уреди

Слави

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 288.
  3. 3,0 3,1 Апостолов, Александар, Кондев, Тодор и Апостол Керамидчиев. Злетовска област. Географско-историски осврт, Скопје 1974, с. 120-122 (автор на раздела – Т. Кондев).
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 222.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 27 ноември 2022.
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  12. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. „Локални избори 2021“. Посетено на 30 ноември 2022.
  14. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 12. ISBN 978-9989-2117-6-8.

Надворешни врски уреди