Стрежевско Езеро

езеро во Македонија


Стрежевско Езеро (познато и како Стрежево) — вештачко езеро во областа Ѓават-Кол, во јужниот дел на Македонија, изградено во средниот тек на реката Шемница, десна притока на Црна Река.[1]

Стрежевско Езеро
Стрежево
Стрежевско Езеро Стрежево - Поглед на езерото Стрежево
Стрежевско Езеро
Стрежево - Поглед на езерото Стрежево
Поглед на езерото Стрежево
Координати 41°7′33″N 21°10′39″E / 41.12583° СГШ; 21.17750° ИГД / 41.12583; 21.17750
Вид вештачко
Главен дотек Шемница
Главен истек Шемница
Земји во сливот Македонија
Најг. должина 6,5 км
Најг. ширина 1 км
Површина 7,5 км2
Водна зафатнина 116,82 милиони м3
Надм. височина на површината 739 м
Острови 0

Езерото се наоѓа на 22 километри од градот Битола. Езерото има издолжен облик и зафаќа вкупна површина од 7,5 км2. Административно, езерото во целост се наоѓа во Општина Битола.

Брана уреди

Браната е изградена од насипан чакал и од камен, со глинено јадро. Висока е 72 м, со должина на круната од 632 м и широчина од 10 м. Езерото е долго 6,5 км, а средната широчина при максимално ниво на водата изнесува 1 км. При максимално ниво на водата (кота од 739,5 м), површината на езерото изнесува 7,5 км2, а во езерото се акумулираат 116.820.000 м3 вода. Езерото редовно се порибува.[2][3]

Употреба уреди

Стрежево претставува езеро кое се користи за наводнување, водоснабдување, како и производство на електрична енергија.[4]

Од ова езеро со вода за пиење се снабдува градот Битола и поголем дел од Пелагонискиот Регион.

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Географско друштво на СР Македонија; Македонско географско друштво (1986). Географски разгледи. Друштво.
  2. „Охридска пастрмка во Стрежево“. Вест. 4/8/2006. Посетено на 2010-05-25. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)[мртва врска]
  3. „Со крап и црвеноперка се пориби акумулацијата Стрежево“. MakMreza. 27 февруари 2010 17:23. Посетено на 2010-05-25. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)[мртва врска]
  4. Група автори (2016). „Вештачки езера“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 235. ISBN 978-9989-110-90-0.

Надворешни врски уреди