Страхојадица

село во Општина Зелениково

Страхојадица (албански: Strugodica) — село во Општина Зелениково, Скопско.

Страхојадица
Страхојадица во рамките на Македонија
Страхојадица
Местоположба на Страхојадица во Македонија
Страхојадица на карта

Карта

Координати 41°51′35″N 21°36′24″E / 41.85972° СГШ; 21.60667° ИГД / 41.85972; 21.60667
Регион  Скопски
Општина  Зелениково
Област Торбешија
Население 735 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1053
Повик. бр. 02
Шифра на КО 25125
Надм. вис. 340 м
Страхојадица на општинската карта

Атарот на Страхојадица во рамките на општината
Страхојадица на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Селото е сместено во областа Торбешија, на десниот брег на Вардар и над Таорската Клисура. Пределот е рамничарски, со надморска височина од 340 м, а атарот зафаќа површина од 4 км2.[2]

Историја уреди

Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, заведено под името Стракабче, со 5 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 22 мажи муслимани, со 4 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 52 жители.[3]

Стефан Верковиќ во 1857 година го забележува со 171 жител.[4]

Во XIX век Страхојадица било село во Скопската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. населението на Стракојадица се состоело од 240 жители Арнаути[5] муслимани.[6]

После Втората балканска војна, 1913 г. селото влегува во границите на Србија, како дел од општина Градовци и има 153 жители.[7]

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена ја покажува Страхојадица (Strahojadica) како албанско село.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Албанци.[9]

Стопанство уреди

Селото има полјоделско стопанство. Според податок од 1998 г. има 152 ха обработливо земјиште и 220 ха шуми.[2]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948239—    
1953251+5.0%
1961277+10.4%
1971200−27.8%
1981225+12.5%
ГодинаНас.±%
1991201−10.7%
1994228+13.4%
2002268+17.5%
2021735+174.3%

Интересен е податокот што пописот од 1953 година вели дека селото се состоело од 243 Турци, 6 Роми и 2 останати. Во текот на 1950-тите бројот на Турци се преполовил, а другата половина жители станале Албанци. На пописот од 1971 г. имало 200 жители, од кои 197 биле Турци (Торбеши), а само 2 Албанци. Во текот на наредните години, бројот на изјаснетите Турци опаднал на 49, а останатите 176 се изјасниле како Албанци.[10] Оттогаш натаму не е попишан ниеден Турчин, туку само Албанци и неколкумина останати.

Според пописот од 2002 година, во селото Страхојадица живееле 268 жители, од кои 267 Албанци и 1 Македонец. Следува табела на националната структура на населението во 2002 г.[11]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 735 жители, од кои 281 Македонец, 225 Албанци, 1 Турчин, 2 Срби, 182 Бошњаци, 1 останат и 43 лица без податоци.[12]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 240 239 251 277 200 225 201 228 268 735
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[13]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[14]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]


Родови уреди

Страхојадица е мешано село, но според истражувањата од 1950 година селото било чисто албанско. Родови во селото:

  • Доселеници: Селимлар (9 к.) по потекло се од фисот Круја Зи во северна Албанија. Се сметаат како први селски доселеници. Овде се доселени од селото Гумалево, каде имаат роднини наречени Исалар; Раманлар или Мезин (9 к.) потекнуваат од областа Малесија во северна Албанија. Припаѓале на фисот Круја Зи. Од таму се иселиле кон крајот на 18 век двајца браќа, Раман Ага и уште еден со непознато име. Раман се населил најпрво во селото Зелениково, а од таму преминал во селото Гумалево. Во овој род се знае следното родословие. Али (жив на 74 год. во 1950 година) Шаќир-Алија-Дурмиш-Раман, кој се доселил од северна Албанија; Кравалар (7 к.) по потекло се од фисот Круја Зи во северна Албанија. Од таму најпрво се населиле во селото Гумалево, каде имаат роднини (Пилелер), а потоа прешле во селото Страхојадица.[17]

Општествени установи уреди

Иселеништво уреди

Албанското население од селото се иселувало во Скопје, а некои и во Турција.[17]

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 287. ISBN 9989-862-00-1.
  3. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
  4. Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
  5. Албанците биле забележани како Арнаути.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр.208.
  7. Речник на местата во ослободената област Стара Србија по службени податоци. Белград: Мил. Ант. Вујиќ. 1914.
  8. Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927.
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.[мртва врска]
  10. Страхојадица — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)[мртва врска]
  11. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  12. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  13. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  14. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  15. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  16. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  17. 17,0 17,1 . Трифуноски, Јован (1952). Поречието на Кадина Река. Скопје: Филозофски факултет. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  18. „За нашето училиште“. ОУ „Марко Цепенков“. Посетено на 17 јануари 2021.

Надворешни врски уреди