Сто години самотија

Сто години самотија (шпански: Cien años de soledad) е роман на Габриел Гарсија Маркес објавен во 1967. Романот го обработува животот на повеќе генерации од семејството Буендија во гратчето Макондо, основано од страна на патријархот на семејството, Хосе Аркадио Буендија. Нелинеарната приказна се раскажува од повеќе временски точки, техника преземена од аргентинскиот писател Хорхе Луис Борхес.

Сто години самотија
Втор превод на македонски, издаден од Макавеј
АвторГабриел Гарсија Маркес
Изворен насловCien años de soledad
ПреведувачиВанѓа Чашуле, Костадинка Арсовска
ЗемјаКолумбија
ЈазикШпански
Жанрроман
Издадена
1967
Страници390 стр. (втор македонски превод)
OCLC17522865

Сто години самотија е ремек-дело на Маркес, преведено на триесет и седум јазици.[1] Стилот „магичен реализам“ и тематиката го воспоставиле делото како важен роман - претставник на процутот на латиноамериканската литература во 1960-те и 1970-те,[2] којшто беше под влијание на модернизмот (од Европа и Северна Америка) и кубанското книжевно движење.

Содржина уреди

„Сто години самотија“ е приказна која бележи седум генерации на семејството Буендија кои живеат во гратчето Макондо. Родоначалникот, Хосе Аркадио Буендија, со жена му (и прва братучетка) Урсула, го напуштаат селцето Риоача во Колумбија, во потрага по поубав живот и нов дом. На првата ноќ од нивното патување, додека кампуваат покрај една река, Хосе Аркадио Буендија го сонува „Макондо“, градот на огледалата, кој е одраз на светот во и вон него. Тој се буди и решава да го основа Макондо покрај реката.[3]

Родоначалникот на Макондо верува дека гратчето е опкружено со вода, како да е остров, и оттаму тој го создава светот според сопствената перцепција.[3] Набрзо по основањето, Макондо станува град во кој често се случуваат неверојатни и невообичаени настани кои вовлекуваат неколку генерации од семејството Буендија, кои не можат или не сакаат да избегаат од повторливите и самонанесени несреќи. Евентуално, ураган го уништува Макондо, градот на огледалата. Цикличниот немир му беше суден на Макондо. На крајот од приказната, последниот член на семејството успева да ги дешифрира кодирани документи, во што претходните генерации не успеаја. Тајната порака е целата историја, од почеток до крај, на семејството Буендија.[4]

Симболи и метафори уреди

Доминантна тема во „Сто години самотија“ е неможноста да се избегне од повторливата историја на Макондо. Минатото и времето ги контролираат ликовите. Во романот, духови ги посетуваат ликовите. „Духовите се симболи на минатото и неговата опсесивна улога во Макондо. Духовите и изместената повторливост што тие ја будат се длабоко вкоренети во развитокот на латиноамериканската историја“.[5] „Идеолошката трансфигурација ги направи Макондо и семејството Буендија, на некој начин, духови, отуѓени и одвоени од сопствената историја, и не само жртви на суровата реалност дека се зависни од надворешниот свет и се недоволно развиени, туку и на идеолошките заблуди кои го создаваат тој начин на живот“. Духовите што ги демнеат луѓето се симболи на минатото од кое не може да се избега. Судбината на Макондо е проколната и предодредена уште од самиот почеток. „Фатализмот е метафора за улогата што идеологијата ја одигра во одржувањето историска независност, толкувајќи ја историјата на Макондо во фиксирани рамки кои не дозволуваат други алтернативи. Приказната го потврдува фатализмот со цел да го илустрира чувството на заробеност што идеологијата може да го создаде“.[6]

Маркес ги користи боите како симболи. Жолтата и златната боја се најчесто симболи за империјализам и Златниот век на шпанската литература. Златото симболизира потрага по материјално богатство, а жолтата боја ја претставува смртта, промената и уништувањето.[7]

Стаклениот град е слика што му се појавува на Хосе Аркадио Буендија на сон. Таа е причината за основањето на Макондо, но исто така е и симбол за лошата судбина на градот. Хигинс вели: „На крајот од романот, тој стаклен град всушност станува град на привиди, илузии. Макондо е претставник на сонот на еден храбар Нов Свет што Америка го ветуваше, но кој подоцнежните настани во историјата сурово го разоткрија како илузија“.[8] Сликите како „градот на огледалата“ или „фабриката за мраз“ сè со цел да покажат дека судбината на Латинска Америка е веќе претскажана и е осудена на пропаст.[6]

Сè на сè, во „Сто години самотија“ има делови од латиноамериканската историја. Може да се каже дека романот е еден од бројните текстови што „латиноамериканската култура ги создала за да се разбере себеси“.[9] Во оваа смисла, романот може да се разбере како линеарна архива. Оваа архива ја раскажува приказната на откривањето на Латинска Америка од страна на европските истражувачи, чија суштина беше веднаш создадена од страна на печатарската машина. Архивата е симбол на литературата која е основа на латиноамериканската историја. Мелкијадес, човекот кој ја чува историската архива во романот, е претставник на ексцентричноста и книжевноста.[9] На крај, „светот во Сто години самотија“ е место каде што верувањата и метафорите се претвораат во факт, а каде фактите стануваат несигурни“.[10]

Ликови уреди

 
Семејно стебло на Буендија

Некои ликови и места од романот „Сто годии самотија“ се среќаваат уште во раните раскази на Маркес. Така, Макондо се споменува во неговиот расказ од 1955 година, „Монологот на Исабела додека го гледа дождот над Макондо“,[11] а Урсула и полковникот Аурелијано Буендија се главни ликови во расказот „Човекот доаѓа на дождот“ од 1954 година.[12] Исто така, Макондо и полковникот Аурелијано Бунедија се споменуваат и во новелата „На полковникот нема кој да му пишува“ до 1961 година.[13]

Осврт кон делото уреди

Самиот Маркес го опишал романот „Сто години самотија“ како музичкиот фестивал што го основал неговиот пријател, композиторот Рафаел Ескалона, само на 350 страници хартија.[14]

Изданија на македонски јазик уреди

Во 1995 година, издавачката куќа „Мисла“ го издала романот „Сто години самотија“, во превод на Ванѓа Чашуле. На крајот од книгата се наоѓа поговорот со наслов „Потрага по изгубеното време во романот „Сто години самотија“ на Г.Г. Маркес“ од Џон Мек Гоуен. Книгата има 320 страници, со димензии од 20 сантиметри, а била испечатена во печатницата „Просвета“ во Куманово. Таа е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-39-030-4.[15]

Надворешни врски уреди

 
Викицитат има збирка цитати поврзани со:

Белешки уреди

  1. Bell-Villada. Gabriel García Márquez's One Hundred Years of Solitude: A Casebook, Oxford: Oxford University Press, 2002
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-05-29. Посетено на 2010-07-18.
  3. 3,0 3,1 Bell-Villada, Gabriel García Márquez's One Hundred Years of Solitude: A Casebook. Oxford: Oxford University Press, 2002.
  4. Wood, Michael, Gabriel García Márquez: One Hundred Years of Solitude. Cambridge: Cambridge UP, 1990.
  5. "Ghosts, Metaphor and History in Tony Morrisson's Beloved and Gabriel García Márquez's 100 Years of Solitude", by Daniel Erickson.
  6. 6,0 6,1 Daniel Erickson, „Ghosts, Metaphor and History in Tony Morrisson's Beloved and Gabriel Garcia Marquez's 100 Years of Solitude“.
  7. John Carson Pettey, „Some Implications of Yellow and Gold in García Márquez's "One Hundred Years of Solitude": Color Symbolism, Onomastics, and Anti-Idyll“, Revista Hispánica Moderna, Año 53, No. 1, pp. 162-178, 2000.
  8. Bell-Villada. Gabriel García Márquez's One Hundred Years of Solitude: A Casebook. Oxford: Oxford University Press, 2002.
  9. 9,0 9,1 Gonzalez Echevarria, „Cien años de soledad: the novel as myth and archive“, pp. 358-80, 1984.
  10. Wood, Michael, „Garcia Marquez 100 Years of Solitude“. New York: Cambridge University Press, 1990.
  11. Gabrijel Garsija Markes, Oči plavog psa. Beograd: Sezam Book, 2015, стр. 111-118.
  12. Gabrijel Garsija Markes, Oči plavog psa. Beograd: Sezam Book, 2015, стр. 106-110.
  13. Gabrijel Garsija Markes, Pukovniku nema ko da piše. Beograd: Sezam Book, 2012.
  14. Gabrijel Garsija Markes, Pukovniku nema ko da piše. Beograd: Sezam Book, 2012, стр. 57.
  15. Габриел Гарсија Маркес, Сто години самотија. Скопје: Мисла, 1995.