Стојан Карастоилов

Стојан Карастоилов или Стојан војвода — роден во 1848 година во с. Старчишта (денес Периторио, Грција), Драмско - убиен на 25 ноември 1878 с. Кресна) [1]. Војвода учесник во Кресненското востание.[2]

Стојан Карастоилов
Роден 1848
село Старчишта, Егејска Македонија
Починал 25 ноември 1878
Оштава, Пиринска Македонија

Како ајдутски војвода дејствувал во реонот на Неврокопско, Драмско и Црна гора. За време на Руско-турската војна (1877-1878) тој предводел чета и со четата дејствувал во Серско и Мелнишко. По потпишувањето на Берлинскиот конгрес се судрува со турски башибозук во Неврокопскиот реон, а во август истата година се префрла во Горна Џумаја. Заедно со Димитар Поп Георгиев - Беровски и други војводи, со 400 востаници го нападнале турскиот гарнизон во Кресна. По успешно завршените борби и ослободените 35 села во Каршијак, откако е формиран Штаб на македонското востание, на чело со началникот Димитар Беровски, тој е избран за главен војвода и ја управувал првата чета, таканаречена Трухелка. Под негово водство востанички одред поразува и заробува турска воена трупа кај кресненските анови на 5 - 6 октомври 1878 година.

Избран е за главен војвода од востаничкото раководство. Со големо искуство ги раководил востаничките сили. Влегува во конфликт со Луис Војткевич и Адам Калмиков, претставници на бугарскиот комитет “Единство“. Овој бугарски комитет го организираат неговото убиство, и на 25 ноември 1878 година го ликвидираат Стојан, како и неговите четници Георги Чапрашников и Јован Трендафилов.[2]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Енциклопедия Пирински край, том 1, Благоевград, 1995, стр. 421
  2. 2,0 2,1 Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 226. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)

Надворешни врски уреди