Стојан Георгиев ( 1870 во Дабиље, Струмичко13 октомври 1915 во Старо Коњарево, Струмичко) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.[1][2][3]

Стојан Георгиев
1870 - 13 октомври 1915

Роден во:с. Дабиља, Струмичко
Роден на:1870 година
Починал во:с. Старо Коњарево, Струмичко
Починал на:13 октомври, 1915 година
Други занимања:македонски револуционер, учител.

Животопис уреди

Роден е во струмичкото село Дабиље во богата фамилија на сапунџии, жители на Струмица. Учи во своето родно село и Штип. Во 1892 година завршува во Солунска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, а подоцна завршува и високо образование на Софискиот универзитет. Се враќа во Струмица и работи во штотуку отвореното егзархиско училиште, а потоа и во Белоградчик.[1]

Револуционерна активност уреди

Влегува во Македонската револуционерна организација и од 1895 година е на чело на движењето во Струмичко. Стојан важи за првиот човек од тој крај кој ги прифатил идеите на Гоце Делчев, кој често престојувал во неговата куќа ѝ бил многу близок со него.[4] По смртта на Гоце, се зближува со Јане Сандански. Некои го нарекувале и макеоднскиот Жан Жорес.[3] До крајот на 1895 година, заедно со кондураџијата Доне Лазаров, создава револуционерни комитети во следните 12 села: Дабиље, Муртино, Робово, Варварица, Вељуса, Нивичани, Василево, Моноспитово, Ново Село, Куклиш, Костурино и Попчево.[2][5] Околу него се собрала група од околу 30-тина негови истомисленици - интелектуалци, меѓу кои биле: Ристо и Ѓорѓи Бабамови, Илија Маказлиев, Костадин Самарџиев - Џемото и други.[2] Во април 1898 година се префрла во внатрешноста на Македонија како војвода на чета, успешно се справува со поставените задачи и во септември оди во Бугарија.[се бара извор] Учесник е во акцијата за киднапирање на Назлим-бег, преку кого било планирано да се побара откуп, за со тие средства биде финансирана организациајта.[4] Во 1903 година е уапсен и осуден на 101 години затвор по разврзаната на Струмичка афера, но бил амнестиран следната година (1904 г.).[1]

Борба со врховистите уреди

Со зајакнувањето на бугарсакта пропаганда во поилинденскиот период, зачестиле навлегувањата на врховистиките чети во струмичкиот регион, кој сакале да го преземат под нивно влијание.[4] Стојан важел за голем противник на врховистите, кои честопати разоружани ги враќал посрамотени назад во Бугарија. Затоа станал омразен во врховистичките кругови. Кога Бугарија се определила за Централните сили за време на Првата светска војна, Јане Сандански и Стојан Георгиев се изјасниле против тоа влегувањето на Бугарија во Војната.[3] Покрај врховистите тој бил во директен судир и со бугарскиот егзархиски владика Герасим.[1][2][3]

Во 1914 година е избран за бугарски народен претставник во XVII бугарско народно собрание.[се бара извор] Струмичкиот деец на ВМОРО Васил Драгомиров за Стојан Георгиев пишува :

Тој имаше благ карактер, со голем и бистар ум, го критикуваше лошото со цел да го спречи. Беше бестрашен. Со агитирање привлекуваше луѓето кон организацијата, иако приказните му беа за бунт и востание. Од неговите зборови и шпионите стануваа негови верни следбеници и здрави луѓе на организацијата [6].

Заседа и смрт уреди

Во организација на врховистите му биле поставена заседа во близина на селото Старо Коњарево, во која бил убиен од страна на врховистите.[1][2][3]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 347. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 126. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 67. ISBN 9989-613-28-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  4. 4,0 4,1 4,2 Д-р Манол Пандевски и Ѓорѓи Стоев - Трнката (1969). Струмица и струмичко низ историјата. Струмица: Општински одбор на сојузот на здружението на борците од НОБ - Струмица. стр. 205, 247–252.
  5. „Революционната борба в Гевгелийско по спомените на Илия Костадинов Докторов“, Съставител: Кирил Григоров Пърличев, „Македония прес“, София, 2004, стр.108-109.
  6. „Борбите в Македония - Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 213