Стојан Ѓуроски (роден на 6 ноември 1991 во Гостивар) — македонски кошаркар. Тој моментално е слободен играч. Стојан е помал брат на поранешниот кошаркар Младен Ѓуроски.

Стојан Ѓуроски
ПозицијаКрило
Крилен центар
Висина2,03 м
Тежина93 кг
Роден6 ноември 1991(1991-11-06)(32 г.)
Гостивар, Македонија
НационалностМакедонец
Средно училиштеЛајф Сентер Академија
(Life Center Academy)
(Бурлингтон, Њу Џерси)
ФакултетЛуизијана Тек (2010-2014)
Проф. кариера2014–
Клубови
2014-2015Левски
2015Работнички
2016Кожув
2016-17МЗТ Аеродром
2017Карпош Соколи
2017–2018Блокотехна
2018-2019Уеска
2019Мелиља
2019-2020Евро Баскет
Репрезентација
Инфо од: 26.06.2020.

Колеџ кариера уреди

За време на студентските денови, од 2010 до 2014 година, Стојан Ѓуроски настапувал за кошаркарската екипа на Луизијана Тек Универзитетот од Рустон, Луизијана, САД.

Клупска кариера уреди

Неговиот прв клуб во неговата професионална кариера бил бугарски Левски, за кого настапувал во сезоната 2014/15.[1] Во август 2015 година, Ѓуроски заминал од Левски и на крајот на септември потпишал отворен договор со Работнички.[2][3][4] Како играч на Работнички станал вицепрвак во Суперкупот на Македонија 2015. Во Работнички играл сè до крајот на декември, кога продолжил во Кожув.[5][6][7] Во октомври 2016 година, Ѓуроски потпишал за МЗТ Аеродром.[8][9] Со МЗТ го освоил Првенството 2016/17. Во август 2017 година, Стојан Ѓуроски потпишал за Карпош Соколи.[10][11] Поради финансиската криза во клубот, Ѓуроски во ноември го напуштил Карпош Соколи.[12] Веднаш потоа во декември се преселил во Блокотехна.[13][14] За сезоната 2018/19, односно во август, Стојан потпишал за шпанскиот второлигашки клуб Уеска.[15][16] Во мај 2019 година, односно во пресрет на второлигашките баражи за првата шпанска лига - Лигата АЦБ, Ѓуроски се преселил во Мелиља.[17][18] Во баражите, Ѓуроски и Мелиља бил поразен во полуфиналето.[19] Во август 2019 година, Ѓуроски потпишал за францускиот второлигаш Алм Евро Баскет.[20][21] Во почетокот на јуни било заклучено дека Стојан и Евре ја прекинуваат соработката.[22][23]

Репрезентативна кариера уреди

Ѓуроски станал за првпат член на македонската А репрезентација за време на Евробаскетот 2013. Со Македонија има учествувано и на Евробаскетот 2015. Учествувал во неуспешните квалификации за пласман на Евробаскетот 2017. Со Македонија не успеал да ги помине претквалификациите, одржани летото 2017, за пласман на Светското првенство 2019.

Во јануари 2020 година, селекторот на Македонија, Александар Тодоров го објавил поширокиот состав за февруарските квалификации за Евробаскетот 2021 во кој бил вклучен Ѓуроски.[24] Потоа во февруари, тој бил избран во составот на репрезентацијата.[25]

Успеси уреди

Титули уреди

  МЗТ Аеродром уреди

Признанија уреди

  • Особен придонес во сезоната 2017/18[26]

Наводи уреди

  1. „Ѓуроски го обезбеди првиот професионален договор“. Pixel.mk. 6 август 2014. Архивирано од изворникот на 2015-09-16. Посетено на 12 јануари 2018.
  2. „Ѓуроски си заминува од Левски“. Pixel.mk. 26 август 2015. Посетено на 12 јануари 2018.
  3. „Ѓуроски пред потпис на „отворен договор" со Работнички“. ekipa.mk. 24 септември 2015. Архивирано од изворникот на 2015-09-27. Посетено на 12 јануари 2018.
  4. „Репрезентативецот Ѓуроски ќе го засили Работнички!?“. sport365.mk. 24 септември 2015. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 12 јануари 2018.
  5. „Ѓуроски го замени Работнички за Кожув“. ekipa.mk. 31 декември 2015. Архивирано од изворникот на 2016-01-03. Посетено на 12 јануари 2018.
  6. „Го одигра дербито и замина: Стојан Ѓуроски е нов играч на Кожув!“. sportmedia.mk. 31 декември 2015. Посетено на 12 јануари 2018.
  7. „Кожув не се шегува: Пристигна и репрезентативецот Ѓуроски!“. sport365.mk. 31 декември 2015. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 12 јануари 2018.
  8. „МЗТ го потврди трансферот, Стојан Ѓуроски официјално стана „штрк"!“. gol.mk. 27 октомври 2016. Посетено на 12 јануари 2018.
  9. „Ѓуроски и МЗТ во „отворена" врска“. sportmedia.mk. 27 октомври 2016. Посетено на 12 јануари 2018.
  10. „Стојан Ѓуроски ги засили „соколите". gol.mk. 7 август 2017. Посетено на 12 јануари 2018.
  11. „Соколи потпишаа со Ѓуроски“. sportmedia.mk. 7 август 2017. Посетено на 12 јануари 2018.
  12. „Странците први одлетаа, се ближи ли крајот на Карпош соколи?“. ekipa.mk. 19 ноември 2017. Посетено на 12 јануари 2018.
  13. „Стојан Ѓуроски потпиша за Блокотехна“. ekipa.mk. 14 декември 2017. Посетено на 12 јануари 2018.
  14. „Ѓуроски продолжува во Блокотехна“. sportmedia.mk. 14 декември 2017. Посетено на 12 јануари 2018.
  15. „Ѓуроски се сели во Шпанија“. ekipa.mk. 23 август 2018. Посетено на 25 август 2018.
  16. „Стојан Ѓуроски во шпанската Уелва“. sportmedia.mk. 23 август 2018. Посетено на 25 август 2018.
  17. „Мелиља, нов клуб на Ѓуроски“. sportmedia.mk преку web.archive.org. 7 мај 2019. Архивирано од изворникот на 2019-08-03. Посетено на 3 август 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  18. „Ѓуроски ќе ѝ помага на Мелиља да влезе во АЦБ-лигата“. gol.mk преку web.archive.org. 7 мај 2019. Посетено на 3 август 2019.
  19. „Ѓуроски не успеа, Мелиља остана без финале“. basketball.mk преку web.archive.org. 2 јуни 2019. Посетено на 3 август 2019.
  20. „Стојан Ѓуроски се сели во Франција“. ekipa.mk преку web.archive.org. 1 август 2019. Посетено на 3 август 2019.
  21. „Стојан Ѓуровски ја напушти Шпанија и потпиша за францускиот Алм Евро Баскет“. gol.mk преку web.archive.org. 2 август 2019. Архивирано од изворникот на 2019-08-03. Посетено на 3 август 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  22. „Стојан Ѓуроски го напушта Евре“. ekipa.mk преку web.archive.org. 8 јуни 2020. Архивирано од изворникот на 2020-06-10. Посетено на 26 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  23. „Ѓуроски не се договори и по една година ги напушти редовите на Евре“. gol.mk преку web.archive.org. 8 јуни 220. Архивирано од изворникот на 2020-06-16. Посетено на 26 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  24. „Тодоров го објави поширокиот список за Естонија и Русија“. gol.mk преку web.archive.org. 9 јануари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-01-14. Посетено на 14 јануари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  25. „Тодоров го скрати списокот, со млади сили против Естонија и Русија“. gol.mk преку web.archive.org. 11 февруари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-02-21. Посетено на 21 февруари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  26. „Prva Liga - season 2017-2018“. eurobasket.com. Посетено на 12 јуни 2018.

Надворешни врски уреди