Столе Попов (р. 20 август 1950 во Скопје[1]) — еден од најзначајните македонски филмски режисери. Во 1973 година дипломира филмска режија на Факултетот за драмски уметности во Белград,[1] во класата на професорот Радош Новаковиќ. Во текот на студирањето има снимено 10 краткометражни студентски филмови.

Столе Попов
Роден 20 август 1950[1]
Скопје, НР Македонија[1]
Националност Македонец
Познат по режијата на:
Црвениот коњ
Среќна Нова ’49
Тетовирање
Џипси меџик
До балчак
Занимање режисер
Татко Трајче Попов

Кариера уреди

Во периодот од 1974 до 1978 година, Попов имал статус на слободен филмски работник. Од 1978 до 1988 година работел како режисер во Вардар филм, а од 1985 до 1986 година ја вршел должноста на директор на филмска куќа. Од 1989 година, Попов работи како професор по филмска режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Исто така, тој бил еден од основачите на приватното претпријатие за производство на филмовиТриангл“. Од 1999 година, Попов е член на Европската филмска академија.[1]

Својата филмска кариера, Столе Попов ја започнал со документарниот филм. По своите најзначајни документарни филмови (Оган, Австралија, Австралија и ДАЕ), тој го снимил својот прв игран филм Црвениот коњ (1980), работен според истоимениот роман на современиот македонски писател Ташко Георгиевски. Покрај бројните документарни филмови, вклучувајќи и неколку интересни музички и рекламни спотови, Столе Попов досега има снимено неколку играни филмови, од кои секој го привлекол вниманието како како на стручната филмска критика, така и на публиката воопшто. За своите филмови, тој бил добитник на повеќе релевантни светски и југословенски филмски награди. Наедно, за неколку свои филмови, како документарни така и играни, Попов бил номиниран и за најпрстижната светска филмска награда „Оскар“.

Поважни филмски награди уреди

Поважни филмски номинации уреди

Филмографија уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Кратка Биографија - Столе Попов
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-03-11. Посетено на 2014-10-06.

Надворешни врски уреди