Стикс, Стига и Стиг (гр.: Στύξ, Стикс = омраза) било име на реката која се наоѓа на границата меѓу земјата и подземјето. Го обиколува Ад - подземниот свет, девет или дваесет пати, во зависност од изворот или митот. Реката Стикс, заедно со реките Флегатон, Ахерон и Кокит, се влева во големo мочуриште во центарот на Ад. Според Херодот, реката Стикс извирала во близина на Фенеј кај Коринт.[1]

Стикс
Гистав Доре, 1861 г.
Харон на река Стикс
Јоаким Патниер, 16 век

Реката Стикс, заедно со реките - Флегетон, Ахеронт и Кокитус, се влеваат во големо мочуриште во самото средиште на Адовиот подземен свет.

  • Грчко име на реката Стикс доаѓа од зборовите στυγέω, stygéô = омраза.

Реката Стикс ја чуваат Флегиите, кои ја носат душата од едната на другата страна на реката, иако во некои извори се споменува дека Флегетон и Харон ги носеле душите низ оваа река.

Боговите ја почитувале реката Стикс, а заклетвата дадена во неа не можела да се прекрши. Зевс ѝ се заколнал на Семела во реката Стикс па морал да ја исполни нејзината желба да го види во вистинска божествена форма, по што починала. Хелиј му се заколнал на својот син Фаетонт и му ветил дека ќе му ја исполни секоја желба. Тој посакал да ја вози неговата златна кочија - Сончевата кочија, но не успеал и загинал. Ако некој од боговите ја прекршел заклетвата, требало да се напие вода од реката Стикс, со што го губел гласот на девет години. Стикс поседувал волшебна моќ со која може некого да го направи бесмртен. Во детството, Ахила неговата мајка Тетида, држејќи го за пета, го потопила во реката Стикс па тој останал ранлив само на тоа место така што и до денес изразот Ахилова пета или тетива означува некоја исклучително слаба точка на некој човек. Иако Стикс првенствено се јавува во грчката и римската митологија, се споменува и во Божествената комедија на Данте, некаде околу петтиот круг во пеколот. Во далечните, древни времиња, Стикс било име за подрачје на река помеѓу денешна Украина и Русија.

Божица Стикс уреди

Името Стикс било и име на божицата, најстарата ќерка на богот Океан и Тетија, која , како единствена женска претставничка, ја претставувала таа река. Таа чест ја заслужила бидејќи му помогнала на Зевс во борбата против Титаните. Таа била прва која застанала на страната на Зевс. Со титанот Палант, Стикс ги родила Зелос, Кратос, Бија и Ника (митологија.

Нимфа Стикс уреди

Стикс било и име на Најади, водени нимфи чија река била света. Божицата Стикси и нимфата Стикс честопати ги сметале за иста личност.

Стикс како мотив во уметноста уреди

Надворешни врски уреди

Наводи уреди

  1. Herodotus, Histories 6. 74. 1, http://www.theoi.com/Khthonios/PotamosStyx.html
  2. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 209-210.