Стефан I Цариградски

Стефан I Цариградски (867 - 18 мај 893) — Вселенски патријарх од 886 до 893 година.

Оловен печат на „Стефан, Цариградски архиепископ Нов Рим“, или станува збор за Стефан I или за Стефан II
Минијатура од Јован Скилица прикажувајќи го Стефан со неговиот постар брат Александар, при пренесувањето на светостите на Михал III до црквата Светите Апостоли во 886 година

Роден во Цариград, Стефан бил син на Евдокија Ингерина и царот Василиј I. Сепак во периодот кога бил зачнат, Евдокија била љубовница на царот Миахаил III. Па можно е или поверојатно е дека како и неговиот постар брат Лав VI, Стефан да бил син на Михаил.

Кастриран од страна на Василиј I, Стефан станал монах и му била предодредена кариера во црквата уште додека бил дете. Во 886 година неговиот брат, царот Лав VI, го сменил Фотиј I и го назначил деветнаегодишниот Стефан за патријарх.

Како патријарх Стефан учествувал во церемонијалното препогребување на Михаил III од страна на Лав VI во царскиот мавзолеј веднаш до црквата Свети Апостоли во Цариград. Нема поважни настани кои се поврзуваат со Стефановото патријархување и со самиот патријарх, кој бил познат како скроме човек, починал во мај 893 година. Неговата слава во православната црква е на 18 мај.[1]

Наводи уреди

  1. (грчки) Ὁ Ἅγιος Στέφανος Πατριάρχης Κωνσταντινουπόλεως. 18 Μαΐου. ΜΕΓΑΣ ΣΥΝΑΞΑΡΙΣΤΗΣ.

Надворешни врски уреди

  • The Oxford Dictionary of Byzantium, Oxford University Press, 1991.
Духовни титули
Претходник
Фотиј I
Цариградски патријарх
886–893
Наследник
Антониј II