Стефан Урош V Немањиќ, познат како Урош Несилниот, син е и наследник на царот Душан (Стефан Урош IV Душан). Владеел од 1355 до 1371, а задужбина му е манастирот Матејче. Тој е последен владетел на лозата Немањиќи. Во негово време слабее централната власт и обласните господари се осамостојуваат. По неговата смрт српската држава, односно српското царство престанува да постои.

Стефан Урош V
Крал на Србија
На престол1346–1355
ПретходникСтефан Душан
Наследникцарската титула е укината
Цар на Србите и Ромеите
На престол1355–1371
ПретходникСтефан Душан
Роден(а)ок. 1336
Починал(а)4 декември 1371
СопружникАна Бесараб
Полно име
Стефан Урош V
ДинастијаНемањиќ
ТаткоСтефан Душан
МајкаЕлена од Бугарија

Владеење уреди

Владеењето на синот на царот Душан, било во секој поглед спротивно на владеењето и моќта на неговиот татко. Поради тоа наследникот на царот Душан добил прекар Урош Несилниот. Новиот српски цар, кој титулата ја наследил од татка си, не успеал да ја заштити својата држава ниту од надворешните, ниту од внатрешните потреси.

 
Млад Урош V, од манастирот Високи Дечани

Наjсериозен противник му бил Симеон Немањиќ, Душановиот полубрат. Иако целокупната српска властела и црква застанала на страната на Урош на државниот собир во Скопје одржан во 1357, Симеон војно далеку посилен самостојно себеси си доделил царски ознаки и завладеал со Епир и Тесалија во 1359. Младиот Урош со помош на неговата мајка Елена (Јелена) и дубровчаните, на државниот собор одржан во Скопје, успеал да го спаси своето владеачкото наследство. Но сепак, набргу српската држава се поделила на две царства, Урошево и Симеоново. Во поголемиот дел кој ги опфаќал сите стари српски земји владеел Урош. Се претпоставува дека умрел на 2 или 4 декември 1371 година, веројатно после Маричката битка, као последен српски цар.

За време на неговото владеење, во 1365 година, за совладетел е крунисан крал Волкашин Мрњавчевиќ со надеж дека неговиот син наследник Марко Мрњавчевиќ (Крале Марко) ќе го наследи царскиот престол бидејќи Урош немал наследници. Таа година Вукашиновиот брат Углеша ја презема од царица Елена (Урошевата мајка) власта во градот Сер.

После големите Душанови освојувања, царот Урош станува жртва на властелата која нагло се обогатила после тие освојувања. Инфраструктурната неповрзаност на новите територии на царството се оневозможила, а воспоставувањето на ред и поредок на државните инструменти било отежнато.

Урош Несилниот е прогласен за светец 211 години после неговата смрт. Неговите мошти денес се наоѓаат во фрушкогорскиот манастир Нов Јазак.