Стефан Грабињски (полски: Stefan Grabiński; 26 февруари 188712 ноември 1936) е полски писател, претставник на жанрот хорор во полската меѓувоена книжевност. Класик на фантастичната повест, автор на т.н. „железнички хорор“, често нарекуван „полски По“ или „полски Лавкравт“.

Стефан Грабињски
околу 1920-1930
Роден/аСтефан Грабињски
26 февруари 1887(1887-02-26)
Камјонка Струмилова, Полска
Починат/а12 ноември 1936(1936-11-12) (возр. 49)
Лавов
ПсевдонимСтефан Жални
Занимање
  • раскажувач
НационалностПолјак
Апсолвент наЛавовски универзитет
Периодран XX век
Жанрхорор, фантазија

Животопис уреди

 
Стефан Грабињски

Роден во галицијско семество на интелектуалци, како син на главниот судија Дионизи Грабињски и Евгенија од Чубки. Раната младост ја поминал во околината на Самбор, од каде што по смртта на таткот, семејството се сели во Лавов.

Откако завршил со образованието во тамошната берндансинска гимназија во 1905 година, започнал студии по полска книжевност и класична филологија на филолошкиот факултет при Лавовскиот универзитет. Таму се запознал со Стануслав Кот, Јулиуш Клеинер, Тадеуш, Станислав Лемпицки, како и Стефан Вјерчињски.

Уште во студентските денови му се појавува наследна туберколоза; искуство фатална болест, како и дизајниран писател од детството enhanced религиозноста имаше значајно влијание врз формирањето на неговиот светоглед и литературни програми. Искуството на смртната болест, заедно со ревносната религиозност со која авторот се одликувал уште од детството, извршиле влијание врз формирањето на неговиот светоглед и врз неговиот книжевен сензибилитет.

По дипломирањето, од 1911 работел како наставник по полски јазик во Лавов во лавовските гимназии. Патувал долж и попреку низ Европа: ги посетил Австрија (1914-1915), Италија (1927) и Романија (1927). Во 1917-1921 г. работел како учител во Пшемишл.

Се пензионирал порано поради туберкулоза во напредна фаза. Во 1931 година се населил во областа Бжуховице во околината на Лавов. Оттогаш, и покрај стекнатиот писателски успех, западнал во сиромаштија и бил заборавен.

Починал во крајна сиромаштија, напуштен од речиси сите пријатели. Погребан е во на Јановските гробишта во Лавов.

Интереси уреди

Бил зналец во областа на парапсихологијата, магијата и демонологијата. Се интересирал за тогаш младата уметност на филмот (од посебен интерес му биле германските експресионисти), посветено ги следел современите филозофски и книжевни правци, а влијание врз неговите интелектуални и уметнички позиции извршиле Анри Бергсон и Вилијам Џејмс, како и творештвото на Едгар Алан По, кому му е посветен есејот Принцот на фантастичарите (Książę fantastów, 1931).

Творештво уреди

Грабињски стекнал најголем успех како раскажувач и новели/повести. Дебитирал со збирката Од исклучоците. Во самраците на верата. под псевдонимот Стефан Жални. Со ова дело не го привлекол вниманието на критиката, поради ниската уметничка вредност на делото. Стекнал препознатливост благодарение на следните збирки: На ридот на розите, Демонот на движењето, Лудиот поклоник, Прекрасна приказна, Книгата на огнот, Страст. Некои од расказите на Грабињски биле исто така објавувани во тогашниот популарен печат.

Помала уметничка вредност обично им се придава на неговите романи. Саламандра (Salamandra, 1924), Сенката на Бафомет (Cień Bafometa1926), Манастирот и морето (Klasztor i morze, 1928) и Островот Итонго (Wyspa Itongo, 1934) биле своевремено незабележани или остро критикувани, а по Втората свестска војна препознаено како анахроно.

Автор е и на три драми (Вила на морето, Задушница, Ларви), кои биле поставувани на сцените во Варшава, Лавов и Краков.

На македонски јазик, застапен е со една збирка раскази, под наслов „Мистични приказни“ во превод на Лидија Танушевска (издание: Бегемот, 2013)

Познати дела уреди

Збирки раскази уреди

  • Од исклучоците. Во самраците на верата (Z wyjątków. W pomrokach wiary, 1909) (под псевдонимот Стефан Жални)
  • На ридот на розите (Na wzgórzu róż, 1918)
  • Демонот на движењето (Demon ruchu, 1919)
  • Лудиот поклоник (Szalony pątnik, 1920)
  • Прекрасна приказна (Niesamowita opowieść, 1922)
  • Книгата на огнот (Księga ognia, 1922)
  • Страст (Namiętność, 1930)

Романи уреди

  • Саламандра (Salamandra,1924)
  • Сенката на Бафомет (Cień Bafometa,1926)
  • Манастирот и морето (Klasztor i morze, 1928)
  • Островот Итонго (Wyspa Itongo, 1936)
  • Мотивите на доцентот Понова (Motywy docenta Ponowy) [незавршен, ракопис]

Драмски дела уреди

  • Вила на морето (Темни сили) (Willa nad morzem, Ciemne siły, 1921)
  • Задушница (Zaduszki)
  • Беспаќе (Manowiec)
  • Ларвите (Larwy)

Теориски трудови уреди

  • Проблемот на оригиналноста во книжевното творештво (Zagadnienie oryginalności w twórczości literackiej, 1925)
  • За фантастичното творештво. Генеза и извор (O twórczości fantastycznej. Jej geneza i źródła, околу 1928, машинопис)

Дела преведени на македонски јазик уреди