Стефан Аврамов (1884 – 28 септември 1953) бил интелектуалец, публицист, историчар и учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонската револуционерна организација.[1][2]

'
Роден 1884
Чирпан, Бугарија
Починал 1953
Софија, Бугарија

Животопис уреди

Роден е во Чирпан, централна Бугарија. Образованието го завршил во Гимназијата во родниот град, по што во 1902 г. бил назначен за учител во Велешко, каде што и се вклучил во ТМОРО. Во периодот 1903–1907 учителствувал уште и во Охрид и Битола.[3][4]

Учествувал во борбите на ТМОРО со српската вооружена пропаганда во Велешко и Поречието. Во 1907 г. пребегнува во Бугарија.

Член е на раководното тело на организацијата на ветераните на ВМРО „Илинден“ и објавува статии во списанието „Илустрација Илинден“.[3] Од 1922 година е потпретседател на Народниот сојуз на резервните офицери и подофицери, а по Деветојунскиот преврат во 1923 година го затвора. Член е на БКП и соработник на нивната Воена Организација (1923 - 1925).

По молба од Тодор Александров лично, Стефан Аврамов ги пишува и објавува своите спомени од четничката дејност во Македонија. Во 1929 година е објавена неговата автобиографија „Револуционерните борби во Азот (Велешко) и Поречието“.[1]

Во 1931 година, го потпомага издавањето на „Алманах Македонија“. Други трудови: „Солунскиот заговор“ (1933), „Херојски времиња: Романтиката на Македонија“ (1934, и второ издание во два тома 1941 - 1942), „Бугарскиот дух низ вековите“ (1944), „Орлите на Бабуна: Легенди и раскази“ (1944).[5]

На 21 јули 1945 година е избрано ново раководство на Илинденската организација и Стефан Аврамов е назначен за претседател. На таа функција останал до 1947 година. Тој го помагал емигрантското движење на Македонците во Бугарија. Автор е на биографски есеј за Јане Сандански. Бил доста ценет и популарен во македонските емигрантски кругови од илинденската епоха.[2] Умира во 1953 година во Софија.[6]

Надворешни врски уреди

„Револуционите борби во Азот (Велешко) и Поречието“ (на бугарски јазик)

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 2
  2. 2,0 2,1 Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 11. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  3. 3,0 3,1 “Енциклопедија Македоника”, книга I, 2009, стр. 7
  4. “Aлманах на българските национални движения след 1878”, Софиja, 2005
  5. Енциклопедия България, том 1, Издателство на БАН, София, 1978, стр. 16.
  6. Милен Куманов – „Македония: Кратък исторически справочник“, Софија, 1993, стр. 12.