Степанце
Степанце — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.
Степанце | |
Поглед на маало од Степанце | |
Координати 42°15′0″N 21°54′15″E / 42.25000° СГШ; 21.90417° ИГД | |
Регион | Североисточен |
Општина | Старо Нагоричане |
Област | Козјачија |
Население | 58 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1302 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 17094 |
Надм. вис. | 470 м |
Слава | Спасовден |
Степанце на општинската карта Атарот на Степанце во рамките на општината | |
Степанце на Ризницата |
Потекло на името уреди
Името на селото е старо. Поединци мислат дека името дошло од некое истоимено село од каде се населиле првите доселеници. Се поставува прашањето дали е тоа селото Степанци, во близина на Велес.[2]
Географија и местоположба уреди
Населбата се наоѓа во областа Козјачија, во средишниот дел на територијата на Општина Старо Нагоричане, од левата страна на реката Пчиња. Селото е раштркано и има ридски карактер, чии маала се издигаат на надморска височина околу 470 метри.[3] Од градот Куманово селото е оддалечено 28 километри.[3]
Селото се наоѓа во подножјето на планината Козјак, на пространа висорамнина. Села со кои се граничи Стапенце се: Жегљане на север и Врачевце на југ.[4]
Атарот зафаќа површина од 11,3 км2. На него пасиштата заземаат површина од 534 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат 422 хектари.[3]
Степанце е село од разбиен тип. Најстаро е Горно Маало. Останатите маала вообичано се наречени по имињата на родовите кои живеат во нив. Селото има вкупно 17 маала.[4]
Историја уреди
Народната традиција вели дека пред денешното село постоела друга постара населба. Од тоа време се останатите урнатините од црквата „Св. Никола“ во Горно Маало, стари гробови и земјени ќупови. По пропаѓањето на старото село, одредено време просторот на денешното село не бил населен. Кон крајот на XVIII век тука се населиле 3-4 домаќинства во денешното Горно Маало. Од тие домаќинства настанале две групи на родови: едната група славеле Свети Никола, а втората група Свети Архангел.[4]
Во XIX век, Степанце било христијанско село во рамките на Кумановската каза на Отоманското Царство.
Стопанство уреди
Селото има полјоделско-сточарска функција.[3]
Покрај тоа, селото, заедно со селата Канарево и Орах, е познато по своите каменоресци. Жителите изработувале корита („мрамори“), надгробни споменици, блокови за ѕидање на куќи и други.[4]
Население уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Степанце имало 380 жители.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Степанце имало 406 жители.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[7]
Степанце е населено со македонско население, коешто во 1961 година броело 382 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 118 жители.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Степанце имало 88 жители, сите Македонци.[2]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 58 жители, од кои 48 Македонци, 1 Србин и 9 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 380 | 406 | 395 | 438 | 382 | 297 | 199 | 152 | 118 | 88 | 58 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови уреди
Сите родови потекнуваат од доселените родови. Една група ги сочинуваат: Ѓорѓовци (7 к.), Ивковци (5 к.), Брдарци (3 к.), Шукарци (2 к.), Бучуци (2 к.), Дудунци (2 к.) и Максимовци (2 к.), слават Свети Никола. Другата група ги сочинуваат: Басарци (3 к.), Шуљковци (3 к.), Вељковци (2 к.), Менковци (2 к.) и Ружајци (1 к.), слават Свети Архангел. Третата група на родови е составена од: Дрењарци (2 к.), слават Свети Архангел; Мушуци (1 к.), слават Свети Никола; Наридњак или Јосим (1 к.), слават Свети Архангел и Џакевци (1 к.), слават Свети Никола.
Помлади родови, чие потекло се знае, се: Шаљинци (7 к.), слават Свети Никола, дошле од Шајинце во Горна Пчиња; Беговци (3 к.) и Петковци (2 к.), потекнуваат од ист предок, доселени од Малотино, слават Свети Архангел; Гарејци (4 к.), слават Свети Никола, доселени од соседното Карловце; Саздини (2 к.), слават Свети Архангел, доселени од соседното Канарево.
Иселеништво уреди
Најголем дел од иселениците од Степанце се населиле во селата од Горна Пчиња, како и во селата Сушево (Жегљанци, 7 к.), Челопек (2 к.), Горно Коњаре (2 к.) и Лопате (1 к.). Поголем одлив на населението се случил по Втората светска војна, кога голем дел од младото население се иселил во градот Куманово.[4]
Самоуправа и политика уреди
Селото влегува во рамките на Општина Старо Нагоричане, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Старо Нагоричане.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Жегљане, во која влегувале селата Жегљане, Карловце, Кокино, Коинце и Степанце.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Жегљане, во која покрај селото Степанце се наоѓале и селата Враготурце, Врачевце, Драгоманце, Жегљане, Карловце, Коинце, Кокино, Малотино, М’гленце, Пелинце и Пузајка.
Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Старо Нагоричане.
Редовни настани уреди
- Спасовден — главна селска слава
Личности уреди
- Родени во или по потекло од Степанце
- Трајко Шалински (1905-1979) — ветеринар
Наводи уреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 26 март 2017.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 286. Посетено на 17 април 2017.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје.
|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 216.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 128-129.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.