Стендалов синдром

Стендаловиот синдром или синдромот на Фиренца е психосоматска состојба која претставува забрзано чукање на срцето, несвестица, збунетост, па дури и халуцинации,[1] наводно се јавува кога поединците се изложени на предмети, уметнички дела или феномени со голема убавина.[2]

Историја уреди

 
Стендаловиот синдром бил именуван по Мари-Анри Бејле (1783–1842), попознат по неговото пенкало, Стендал.

Случката била така наречена по францускиот писател од 19 век, Стендал (псевдоним на Мари-Анри Бејле), кој го опишал неговото искуство со овој феномен за време на неговата посета на Фиренца во 1817 година во книгата: „Неапол и Фиренца: Патувањето од Милано до Реџо“. Потоа ја посетил Базиликата Санта Кроче, каде што се погребани Николо Макијавели, Микеланџело и Галилео Галилеј, бил совладан од длабока емоција. Стендал напишал:

„Бев во еден занес, од идејата да бидам во Фиренца, близу великаните чии гробови ги имам видено. Апсорбиран во набљудувањето на возвишената убавина... ја достигнав точката каде што се среќаваат небесните сензации... сѐ зборуваше толку живописно со мојата душа. Ах, да можев само да заборавам. Имав силни отчукувања на срцето, што во Берлин ги викаат “нерви“. Животот беше исцеден од мене. Одев со страв од паѓање“.

Иако психолозите долго време расправале дали постои Стендаловиот синдром, очигледните ефекти врз некои лица се доволно сериозни за да се обезбеди лекарска помош.[3] Персоналот во болницата Санта Марија Нуова во Фиренца е навикнат на туристи кои страдаат од вртоглавица или дезориентираност откако ја погледнале статуата на Давид, уметничките дела на галеријата Уфици и другите историски реликвии на тосканскиот град, Фиренца.[1]

Иако има бројни извештаи за луѓе кои се онесвестувале додека се занимавале со фирентинска уметност, почнувајќи од раниот 19 век, синдромот бил именуван само во 1979 година, опишан од италијанската психијатарка д-р Грациела Магерини, која забележала повеќе од сто слични случаи меѓу туристите во Фиренца. Не постојат научни докази за дефинирање на Стендаловиот синдром како специфично психијатриско нарушување; сепак, постојат докази дека истите церебрални области вклучени во емоционални реакции се активираат за време на изложеноста на уметноста.[4] Синдромот не е наведен како призната состојба во Дијагностичкиот и статистичкиот прирачник за ментални нарушувања.

Последниот извештај за Стендаловиот синдром беше во 2018 година, каде еден посетител на галеријата „Уфици“ во Фиренца доживеа срцев удар додека се восхитуваше на „Раѓањето на Венера“ на Сандро Ботичели.[5]

Поврзано уреди

  • Двојно виножито
  • Ерусалимски синдром
  • Листоманија
  • Париски синдром
  • Стендаловиот синдром, психолошки трилер филм на оваа тема

Користена литература уреди

  1. 1,0 1,1 ако Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Telegraph“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  2. ециф
  3. но п
  4. иско
  5. аруш

Надворешни врски уреди