Стевче Алушовски

македонски ракометар

Стевче Алушовски е поранешен македонски ракометар, и член на Македонската ракометна репрезентација, актуелен тренер на Тор Акурејри.[1] Играл на позицијата лево крило[2]. Роден е на 1 октомври 1972 година, во Сиднеј, Австралија[2], но набргу на рани години со семејството се враќа во Битола, од каде што потекнува неговото семејство. Во Битола ги завршува основното, средното и високото образование[3].

Стевче Алушовски
Лични податоци
Име и презиме Стевче Алушовски
Роден(а) 1 октомври 1972(1972-10-01)(51 г.)
Сиднеј, Австралија
Националност Македонија Македонец
Спорт Ракомет
Висина 1.90 м
Тежина 90 кг
Позиција Лево крило
Клупски податоци
Тековен клуб Исланд Тор Акурејри (тренер)
Сениорски клубови
1989–1995
1995–1997
1997–2000
2000–2004
2004–2005
2005–2010
2010–2013
Македонија Пелистер
Македонија Јафа Промет
Македонија Пелистер
Македонија Вардар
Македонија Пелистер
Македонија Вардар ПРО
Македонија Металург
Репрезентација 1
1993–2013 Македонија Македонија 243 (352)
Раководени екипи
2017–2018
2019
2020–2021
2021–
Македонија Пелистер
Македонија Еурофарм Работник
Македонија Вардар 1961
Исланд Тор Акурејри
1 Податоците за репрезентативни настапи и постигнати голови важат
за 29 јанаури 2012

Играчка кариера уреди

Својата ракометна кариера ја започнува во Битола, каде што уште во детството ги прави првите чекори во ракометот во младинската школа на РК Пелистер. На 17 годишна возраст во сезоната 1990/91, станува член на првата екипа на РК Пелистер од Битола[4]. Во текот на својата кариера играл за РК Пелистер, РК Преспа Јафа Промет од Ресен, РК Вардар од Скопје, а од 2010 преминал во РК Металург. Својата кариера најмногу ја поминал во РК Пелистер (10 сезони) и РК Вардар (9 сезони).

Во неговите професионални успеси се вбројуваат освоени единаесет првенства на Македонија и осум купови на Македонија. Во 2004 година е прогласен за најдобар ракометар на Македонија[3]. Во својата спортска кариера има три настапи во Младинската репрезентација на Југославија. За Македонската ракометна репрезентација одиграл 243 натпревари со 352 постигнати голови голови.

За Македонската ракометна репрезентација одиграл 215 натпревари и учествувал на повеќе Европски и Светски првенства. Најзапметени ќе останат неговите решавачки голови и асистенции на Светското првенство во Хрватска во 2009, на натпреварите против Полска и Русија, по кои Македонија се пласира во втората фаза.

Тренерска кариера уреди

По завршувањето на својата богата играчка кариера Стевче Алушевски, останал во ракометот каде продолжил да се занимава како тренер и главен менаџер на битолските ракометни екипи: РК Пелистер, каде поради разидување со раководството и покрај извонредната есенска полусезона во 2018/2019 каде под негово водство, Пелистер го завршил првиот дел од сезоната на водачката позиција на табелата со само еден пораз на стартот и фантастична серија од 11 победи по ред[5], по што на почетокот на 2019 бил назначен за тренер на РК Еурофарм Работник.

Во август 2021 година Алушевски се преселил на Исланд, и станал тренер на ракометниот клуб Тор Акурејри. По завршувањето на сезоната 2021–22, тој го обновил договорот со клубот на уште три години.[6]

Наводи уреди

  1. „Алушовски парафира со Тор Акурејри и чека заминување за Исланд“. gol.mk. 9 август 2021. Посетено на 9 август 2021.
  2. 2,0 2,1 „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-06-15. Посетено на 2011-02-20.
  3. 3,0 3,1 „Значајни личности за Битола - Култура“ - зборник на НУБ, Битола, 2010 г. стр.12
  4. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-04-10. Посетено на 2011-02-20.
  5. „Стевче Алушовски не е повеќе тренер на Пелистер“. Екипа. 29 јануари 2019. Посетено на 4 март 2019.
  6. Алушовски: Ова е убав предизвик, ми се допадна проектот на Тор gol.mk; 9 мај 2022