Старчево (бугарски: Ста̀рчево, грчки: Στάρτσοβο) — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Старчево
Старчево is located in Бугарија
Старчево
Старчево
Местоположба во областа
Старчево во рамките на Пиринска Македонија
Старчево
Местоположба на Старчево во Општина Петрич и Благоевградската област
Координати: 41°29′N 23°14′E / 41.483° СГШ; 23.233° ИГД / 41.483; 23.233
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаПетрич
Површина
 • Вкупна12.189 км2 (4,706 ми2)
Надм. вис.&10000000000000131000000131 м
Население (2015)
 • Вкупно580
 • Густина0,048/км2 (0,12/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2861
Повик. бр.07424

Географија и местоположба уреди

Селото Старчево се наоѓа на 10 километри северно од Петрич, во Петричката котлина во југоисточното подножје на планината Огражден. Селото се наоѓа на надморска висина од 131 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 12.189 км2. Соседни села се Крналово и Рибник. Климата е преодна средоземна со летни минимални и зимски максимални врнежи. Просечните годишни врнежи од дожд се околу 700 мм.

Османлиско Царство уреди

Селото се споменува во отоманските регистри од 16 - 17 век под името Истарчева. Селото се споменува во османлиски дефтер од 1570 година со името Истарчева. Во истата година, во селото живееле 112 христијански семејства[1].

Во 1848 година, со помош на Неделчо чорбаџи и дедо Георги, била изградена првата црква во Петричко - Свети Мина[2]. Во текот на XIX век, селото било мешано и било во составот на Петричката каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Старчево (Startchevo) е село со 93 семејства од кои 35 Турци и 265 Македонци[3][4].

Во 1878 година, жителите на селото активно се вклучиле во Кресенското и Разловешкото востане. За краток период, во селото била поставена и револуционерна власт. Според Стефан Верковиќ во 1889 г. во селото имало 95 македонски домаќинства,[5]

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Старчово, на СИ од Петрич 2 часа пат. Лежи во аголот што го образувваат Струма и Струмица. Околност - блато со раскошни ливади. Се работи и со свила. Црква, во која се чита на грчки, и училиште, исто така грчко, со 23 ученици. Бројот на куќите е околу 130.[6]


Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 620 жители, сите Македонци[3][7]. Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 920 македонски патријаршисти и гркомани. Во селото има едно грчко основно училиште со 2 наставници и 25 ученици[3][8].

Жителите на Старчево се придружиле на грчката вооружена пропаганда во Македонија на страната на грчките сили, војувајќи против македонските револуционери[9][10]. Во декември 1904 година, одредот на Дончо Златков го нападнал селото и ги принудил селаните да ги предадат грчките учители Фотини Пападимитриу и Андонис Плумис. Сепак, селото се спасило поради интервенцијата на отоманските единици. На 5 јули 1905 година, единицата на Петров го нападнала Старчево и ги убила грчките водачи. По овој напад Теодосиј Ганчов ја организирал локалната гркоманско чета, во која биле и Димитар Смилјански (Δημήτριος Σμηλιάντης), Пандо Кирјаков (Παντελής Κυριακού), Ангел Пасхалев (Άγγελος Πασχάλης), Давид Вакуфчев (Δαβίδ Βακουφτσής), Петар Богоричев (Πέτρος Μπογορίτσης) и Илија Богоричев (Ηλίας Μπογορίτσης) од Старчево, како и Иван Белевеслев (Ιωάννης Μπελεβεσλής), Петар Перингов (Πέτρος Περίγγος), Иван Белевеслев (Ιωάννης Ραφτόπουλος) и Никола Капитанов (Νικόλαος Καπετανόπουλος) од Ветрен. Ганчов доаѓа во контакт со грчкиот конзулат во Сер, кој му обезбедува оружје. Војниците на Ганчов оперирале во Мелничко, Неврокоп, Валовишко и Струмишко сè до Балканските војни[11][12].

Во учебната 1896 - 1897 година, грчки учител во Старчево бил Гајос Лазару[13]. Од 13 ноември 1901 до 1911 година, грчки учител во Старчево бил Фотини Пападимитриу, помогнат од NEGOVATA мајка Евдокија, која зборувала македонски[3][14]. По Младотурската револуција во 1908 година, грчкиот капетан Николаос Гусиос станал учител во селото[15][16].

Во 1912 година за време на Балканските војни, бугарската војска влегла во селото. За време на Втората балканска војна во јули 1913 година, Старчево го освоиле грчките сили. На 9 јули 1913 година селото било запалено од грчката армија[17].

Бугарија уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Грчките жители се преселиле во Грција. Грчките власти ги натовариле со брод и ги насочиле кон мочуришните области во Катеринско. За време на патувањето избувнала голема морска бура. Подоцна скоро сите се разболиле од маларија и повторно заминале на север. Некои од жителите се населиле во селото Ветрен (денес Нео Петрици) кај Беласица, точно спроти Петрич, а мал број повторно се вратиле во Старчево. Во Ветрен Старчевци се главниот дел од населението.

Од 1913 до 1925 година, бегалците од Демирхисарско и Серско се населиле во селото[18].

Население[3][19] уреди

Население на Старчево по попис[19]
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015
Жители 592 795 1049 917 762 814 798 685 577 580
Етнички состав на населението
од 2011 година[20]:
Националност Жители Процент
Бугари 473 99,37%
Останати 3 0,63%
Вкупно 476
Население по возраст
од 2011 година
[21]:

Културни знаменитости уреди

Во близина на селото се наоѓа познатата месност Рупите и природната знаменитост Кожух.

Редовни настани уреди

  • 11 ноември – Свети Мина, традиционен празник на селото.

Личности уреди

Родени во Старчево

Наводи уреди

  1. Турски документи за историјата на македонскиот народ. Опширни пописни дефтери од XVI век за Кустендилскиот санųак, Т.V/3, Скопје, 1982, стр.556 – 559.
  2. Енциклопедия Пирински край. Том 2, Благоевград, 1999, стр. 288.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 148 – 148.
  5. Веркович, Стефан. Топографическо-этнографический очерк Македонии, СПб, 1889.
  6. Стрезов, Георги. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр. 31.
  7. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 187.
  8. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 186 – 187.
  9. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Στάρτσοβο.
  10. Величко Георгиев и Стайко Трифонов. „Гръцката и сръбската пропаганди в Македония. Краят на XIX – началото на XX век“, София, Македонски научен институт, 1995, стр. 184 и 209.
  11. Κωνσταντίνος Αποστόλου Βακαλόπουλος, Ο ένοπλος αγώνας στη Μακεδονία 1904 – 1908, εκδόσεις Ηρόδοτος, Θεσσαλονίκη, 1999, σσ. 261, 262, 263
  12. Ιωάννης Σ. Κολιόπουλος (επιστημονική επιμέλεια), Αφανείς, γηγενείς Μακεδονομάχοι, Εταιρεία Μακεδονικών Σπουδών, University Studio Press, Θεσσαλονίκη, 2008, σελ. 147
  13. Γάιος Λαζάρου (1876 – 1950)
  14. Χρηστίδης, Νικόλαος Χρ. Οι δρόμοι των Σερρών και η Ονοματολογία των. Σέρρες, Αφοι Χαραλαμπιδη Ο.Ε, 2012. σ. 34. Посетен на 26 јуни 2014.
  15. Αρχείο Διεύθυνσης Εφέδρων Πολεμιστών Αγωνιστών Θυμάτων Αναπήρων (ΔΕΠΑΘΑ), Αρχείο Μακεδονικού Αγώνα, φ. Γ-241
  16. Ιωάννης Σ. Κολιόπουλος (επιστημονική επιμέλεια), Αφανείς, γηγενείς Μακεδονομάχοι, Εταιρεία Μακεδονικών Σπουδών, University Studio Press, Θεσσαλονίκη, 2008, σελ. 158
  17. Карнегиева фондация за международен мир. „Доклад на международната комисия за разследване причините и провеждането на Балканските войни“, с. 283.
  18. Енциклопедия Пирински край. Том 2, Благоевград, 1999, стр.288.
  19. 19,0 19,1 „Справка за населението на с. Старчево, общ. Петрич, обл. Благоевград“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04.
  20. "&"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.
  21. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.

Литература уреди

  • Паскалев, Стоян. „Старчево“, Благоевград, 2011, 32 стр.

Надворешни врски уреди

Наводи уреди