Старо Балдовци

село во Општина Босилово

Старо Балдовци — село во Општина Босилово, во околината на градот Струмица.

Старо Балдовци

Влезот на селото

Старо Балдовци во рамките на Македонија
Старо Балдовци
Местоположба на Старо Балдовци во Македонија
Старо Балдовци на карта

Карта

Координати 41°27′56″N 22°44′53″E / 41.46556° СГШ; 22.74806° ИГД / 41.46556; 22.74806Координати: 41°27′56″N 22°44′53″E / 41.46556° СГШ; 22.74806° ИГД / 41.46556; 22.74806
Општина Босилово
Население 422 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 27063
Надм. вис. 220 м
Старо Балдовци на општинската карта

Атарот на Старо Балдовци во рамките на општината
Старо Балдовци на Ризницата

Географија и местоположба уреди

 
ОУ „Гоце Делчев“
 
Џамија во селото

Старо Балдовци се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во средишниот дел на Струмичка Котлина и во централниот дел на Општина Босилово. Во близина на селото, од неговата западна страна поминува патот Струмица-Берово, додека десно поминува патот Струмица-Ново Село.

Надморската височина во селото е 220 метри, додека селото зафаќа површина од 3,7 км2. Од нив, 326 хектари се обработливо земјиште[2]

Историја уреди

Отоманско Царство уреди

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 20 семејства од кои 74 Македонци[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 105 жители Турци и 50 Македонци[5]. Како чисто турско село населбата е обележана на Етнографската карта од 1912 година, со името Секирник.

Царство Бугарија уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Старо Балдовци живееле 27 Турци[6].

Југославија уреди

По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион. По крајот на Втората светска војна, селото било вклучено во рамките на СФРЈ.

Македонија уреди

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Босилово.

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948136—    
1953140+2.9%
1961181+29.3%
1971189+4.4%
1981205+8.5%
ГодинаНас.±%
1991267+30.2%
1994262−1.9%
2002269+2.7%
2021422+56.9%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[7]

Во 1961 година селото Старо Балдовци имало 181 жител. Во 1994 година во селото живееле 262 луѓе, од кои 140 Македонци и 122 Турци[2].

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 264 жители, од кои 116 Македонци, 124 Турци и 24 останати.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 422 жители, од кои 90 Македонци, 222 Турци, 1 Ром и 109 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 155 136 140 181 189 205 267 262 269 422
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Редовни настани уреди

Општествени установи уреди

Самоуправа и политика уреди

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1816 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 217 гласачи.[15]

На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 240 гласачи.[16]

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Панов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр.275.
  3. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 188-189.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900.
  6. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 244.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
  16. „Парламентарни избори 2020“. Посетено на 3 ноември 2020. line feed character во |title= во положба 21 (help)

Надворешни врски уреди