Стамер

село во Општина Делчево

Стамер — село во Општина Делчево, во областа Пијанец, во околината на градот Делчево.

Стамер

Улица во селото Стамер

Стамер во рамките на Македонија
Стамер
Местоположба на Стамер во Македонија
Стамер на карта

Карта

Координати 41°57′00″N 22°49′00″E / 41.95000° СГШ; 22.81667° ИГД / 41.95000; 22.81667
Регион  Источен
Општина  Делчево
Област Пијанец
Население 259 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2320
Повик. бр. 033
Шифра на КО 09023
Надм. вис. 740 м
Слава Еремија
Стамер на општинската карта

Атарот на Стамер во рамките на општината
Стамер на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа во областа Пијанец, во источниот дел на територијата на Општина Делчево, чиј атар на тесен дел се допира со државната гранична линија со Бугарија.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 740 метри. Од градот Делчево, селото е оддалечено 9,5 километри.[2]

Атарот зафаќа простор од 13,7 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 700 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 387 хектари, а на пасиштата 162 хектари.[2]

Историја уреди

Во XIX век, Стамер било село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.

Стопанство уреди

Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.[2]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948346—    
1953413+19.4%
1961264−36.1%
1971357+35.2%
1981388+8.7%
ГодинаНас.±%
1991435+12.1%
1994447+2.8%
2002344−23.0%
2021259−24.7%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Стамер имало 130 жители, од кои 100 муслимани и 30 православни.[3]

Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Стамер имало 202 жители Македонци, од кои 154 муслимани и 38 православни.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[5]

Селото во 1961 година имало 264 жители, од кои 249 биле Македонци, а девет жители Турци. Во 1994 година бројот се зголемил на 447 жители, исклучително македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Стамер живееле 344 жители, сите Македонци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 259 жители, од кои 232 Македонци, 1 Албанец, 4 останати и 22 лица без податоци.[7]

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 130 346 413 264 357 388 435 447 344 259
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]


Од селото се иселил значителен број на население, а најголемите драстични демографски разлики се случиле во 1950-тите години, кога најголем дел од муслиманското население го напушта селото и се иселува во Турција.

Општествени установи уреди

 
Игралиштето пред основното училиште во селото

Самоуправа и политика уреди

Селото влегува во рамките на Општина Делчево, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Делчево.

Во периодот 1950-1952, селото било во рамките на некогашната општина Град, во која влегувале селата Град и Стамер.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Делчевска градска општина, во која покрај селото Стамер се наоѓале градот Делчево и селата Бигла, Ветрен, Габрово, Град, Ѕвегор, Очипала, Полето, Турија, Чифлик и Шопје.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на општината Делчево.

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачко место бр. 0586 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[13]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 271 гласач.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 257 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости уреди

 
Главната селска црква „Св. Еремија“ (во изградба)
Цркви
Археолошки и палеонтошки наоди
  • Кукул - могила од римското време;[16]
  • Во истражувања на Природонаучниот музеј откриени се фосили на носорог, кои го потврдуваат животинското богатство на пикерминската фауна на ова местокој најверојатно бил мочуриштен, односно со поголеми водни површини. Фосилите биле откриени од Љубе Митевски, рударски инженер од селото. Праисториската масовна гробница на животни кај делчевски Стамер стана светски позната локација по капиталното откритие на черепот на жирафа која потекнува од раниот плиоцен и е првиот череп од жирафа откопан во Европа.[17]
Езера

Сандански — вештачко езеро во околината

Редовни настани уреди

  • Еремија — главна селска слава, започната со прослава од 1975 г.

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 282. Посетено на 8 јули 2018.
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 228.
  4. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 228.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 8 јули 2018.
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. „ОУ „Св. Климент Охридски" - Делчево“. Архивирано од изворникот на 2019-03-21. Посетено на 8 јули 2018.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 8 јули 2018.
  14. „Локални избори 2017“. Посетено на 8 јули 2018.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 131. ISBN 9989649286.
  17. „Во атарот на селото Стамер, Делчевско, откриени фосилни остатоци од носорог (ВИДЕО)“. MKD.mk. 30 ноември 2014. Архивирано од изворникот на 2020-12-15. Посетено на 8 јули 2018.

Надворешни врски уреди