Стадион „Благој Истатов“

Стадионот „Благој Истатов“фудбалски стадион во Струмица. Сместен е во Градскиот парк, во околината на повеќе спортски објекти. Стадионот е под концесија на ФК Беласица. Тој е изграден во 1950 година. Со реконструкцијата од 2017 година има сместивост за повеќе од 7 и пол илјади гледачи. До 2019 година стадионот го носи името „Младост“, а познат е и како Градски стадион Струмица.

Прволигашки натпревар на „Младост“ меѓу Беласица и Академија Пандев

„Благој Истатов“ денес е модерен стадион и според стандардите на УЕФА исполнува услови за квалитетни натпревари од висок ранг, единствен таков во државата заедно со Националната арена.[1] Покрај матичната Беласица, на стадионот своите натпревари ги игра и ФК Академија Пандев. Националната репрезентација на Македонија во неколку наврати има одиграно меѓународни натпревари овде.

Меѓународни натпревари уреди

Списокот не е целосен и претставени се само меѓународните натпревари на ФК Беласица по 1991 година и на Македонската репрезентација.
Датум Натпреварување Противник Резултат
ФК Беласица
Квалификации за УЕФА куп 2002/03   Леишоинс 2–2
Квалификации за УЕФА куп 2003/04   Публикум 0–5
Фудбалска репрезентација на Македонија
12 април 1995 пријателски натпревар   Бугарија 0–0
10 февруари 2009 пријателски натпревар   Канада 3–0
5 септември 2017 Квалификации за СП во фудбал 2018   Албанија 1–1
9 октомври 2017 Квалификации за СП во фудбал 2018   Лихтенштајн 4–0

Наводи уреди

  1. „Што доби Македонија со реконструкцијата на „Младост": Нов претставителен објект за европски натпревари“. ekipa.mk. 15 септември 2017. Посетено на 7 ноември 2019.

Надворешни врски уреди

  • Спортски објекти“ - стадион „Младост“. www.strumica.gov.mk - официјално мрежно место на општина Струмица.