Стадион Атлети Аѕури д'Италија

Атлети Аѕури д'Италија (италијански: Stadio Atleti Azzurri d'Italia), познат и како Стадион Џевис од спонзорски причини — фудбалски стадион во Бергамо, Италија, дом на фудбалската екипа Аталанта. Теренот е долг 105 метри и широк 68 метри. Стадионот има капацитет од 21.000 седечки места.

Стадион Атлети Аѕури д'Италија
Место Бергамо, Италија
Координати 45°42′32″N 9°40′51″E / 45.70889° СГШ; 9.68083° ИГД / 45.70889; 9.68083
Отворен 23 декември 1928[1]
Сопственик Град Бергамо
Подлога трева
Игра Аталанта Аталанта (1928–денес)
Албинолефе Албинолефе (2003–2019)
Гледачи 26,562[2]

Во минатото стадионот бил познат под неколку имињата како Стадион Марио Брумана, Стадион Комунале, а од 1994 година се нарекува Стадион Атлети Аѕури д'Италија. Сепак, во 2017 година од спонзорски причини се користи и името Стадион Џевис. Стадион бил изнајмен и на други два фудбалски клуба од Бергамо, Вирешит Бокалеоне (кој подоцна станале Алѕано Вирешит) и Албинолефе.

Во 2017 година, површинската сопственост на стадионот била пренесена од Општина Бергамо на Аталанта, со што станал четврти модерен објект управуван директно од фудбалски клуб во Италија, по Стадион Алијанц во Торино (2011), Фриули во Удине (2013) и Стадионот Бенито Стирпе во Фрозиноне (2016).

Почнувајќи од 1 јули 2019 година, стадионот шест спортски сезони ќе го носи своето сегашно име Џевис по комерцијален договор со електротехничката компанија Gewiss, која постигнала договор со Аталанта за стекнување на правата за именување на спортскиот комплекс.

Наводи уреди

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-09-23. Посетено на 2017-02-22.
  2. „Stadio Atleti Azzurri d'Italia“. Посетено на 17 April 2015.