Србиново

село во Општина Гостивар

Србиново — село во Општина Гостивар, во областа Горен Полог, во околината на градот Гостивар.

Србиново

Воздушен поглед на селото Србиново

Србиново во рамките на Македонија
Србиново
Местоположба на Србиново во Македонија
Србиново на карта

Карта

Координати 41°42′20″N 20°57′37″E / 41.70556° СГШ; 20.96028° ИГД / 41.70556; 20.96028
Регион  Полошки
Општина  Гостивар
Област Горен Полог
Население 317 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1239
Повик. бр. 042
Шифра на КО 07074
Надм. вис. 670 м
Србиново на општинската карта

Атарот на Србиново во рамките на општината
Србиново на Ризницата

До 2004 година, селото претставувало административно седиште на поранешната истоимена општина, а служи како главно село за останатите планински села.

Потекло и значење на името уреди

Името на селото се поврзува со машкото лично име Србин. Дијалектно селото се сретнува и како Србиноо.[2]

Географија и местоположба уреди

 
Поглед во селото

Селото се наоѓа во јужниот дел на територијата на Општина Гостивар, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Кичево.[3] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 670 метри. Од градот Гостивар, селото е оддалечено 18 километри.[3]

Селото се наоѓа во подножјето на планината Буковиќ, во тесната долина на Србиновска Река. Во минатото, водата за пиење се добивала од чешмите кои се наоѓале по селските маала. Имињата на чешмите биле Прој Ките, Шпо, Крој Рамас, Гура и Крој Бала. Во селото до 1947 година постоеле и два бунари, длабоки околу 8 метри, а надвор од селото се наоѓала и чешмата Буаза.[2]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Брењово, Ливада Катундит, Забел Зенели, Гури Бард, Мелена, Фјериште, Запоќе, Длого Ливад, Петре Шума, Мочила, Самоков, Фтасена и Ове Ол.[2]

Србиново е селска населба од збиен тип. Поделена е на маала, кои се сместено во насока југозапад-североисток. Почнувајќи од југозапад маалата се Кита, Туше Поштр, Туше Епр, Диша и Бала. Имињата на маалата доаѓаат по родовите кои ги основале.[2]

Историја уреди

Помеѓу Србиново и Куново се наоѓало некогашното село Бркињово, кое било македонско село. Некои родови од Бркињово заминале во Куново, додека други во Србиново. По името на најстариот доселеник кој дошол од Бркињово, селото Србиново го добило своето име. Денес, во Србиново нема зачувани родови на Македонци. За дел од нив се мисли дека преминале на ислам и дека биле албанизирани.[2]

Селото некогаш било населено со православни македонски родови, што се заклучува по името на селото, по некои топоними и по остатоците на црковен храм. За храмот некои веруваат дека бил и манастир, кој се наоѓал во југоисточниот дел на селото, во денешното маало Диша. Во близина на храмот била подигната чешмата Гура. Некои Македонци од околните села Железна Река и Куново велеле дека едно маало во Србиново населено со православно македонско население се нарекувало Дејаново Маало. За местото на храмот и за постоењето на словенското население, говореле и самите селски Албанци.[2]

Северозападно од Србиново, на оддалеченост од околу 3 километри, се наоѓа месноста Самоков, каде Роми топеле железна руда. Рудата ја добивале од соседното Железна Река. До Самоков била ископана една бразда од изворот Гури Шпелит, со што била обезбедена вода. На местото, рудата првин се испирала со вода, а потоа се топела загревајќи ја со дрвен ќумур. Поради ова, шумите околу месноста се многу уништени.[2]

Вкупно 15 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]

Стопанство уреди

Атарот на селото е зафаќа простор од 17,8 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 1.141 хектар, на пасиштата отпаѓаат 461 хектар, а на обработливото земјиште 157 хектари.[3]

Врз основа на составот на атарот селото Србиново има мешовита земјоделска функција. Во селото работат услужни објекти.[3]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948772—    
1953868+12.4%
1961897+3.3%
19711.074+19.7%
19811.162+8.2%
ГодинаНас.±%
19910−100.0%
1994983—    
20021.039+5.7%
2021317−69.5%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Србиново живееле 440 жители, сите Албанци муслимани.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 650 Албанци.[6]

Селото е големо, коешто во 1961 година броело 897 жители, од кои 878 биле Албанци, а 16 жители Македонци. Во 1994 година, бројот се зголемил на 983 жители, албанско население.[3]

Пописот од 1991 година не бил воопшто одржан во селото Србиново, бидејќи целото негово население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема податоци.[б 1]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото имало 1.039 жители, сите Албанци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 317 жители, од кои 270 Албанци и 47 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 440 772 868 897 1.074 1.162 983 1.039 317
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови уреди

Србиново е албанско село, во кое живеат доселени Албанци и малку исламизирани и албанизирани Македонци. Целото население говори на албански јазик. Кон крајот на XVIII век во селото дошле три муслиманско-албански семејства, а останатите семејства дошле подоцна. Доселувањето на Албанците во Србиното го помогнал Мемет-паша од Тетово.[2]

Според истражувањата од 1947 година, родови во селото:

  • Родови во маалото Кита: Алије или Китовци (10 к.), доселени се од околината на Булчиза во северна Албанија. Тие се најстар албански род во селото. Потекнуваат од предокот Алија, како што кажал Емин (жив, 45 години во 1947 година)-Бафтијар-Алија-Мифта-Авдил-Алија. Тој имал двајца браќа Фазлија и Ферат. Од нив потекнуваат родовите Фаслије (10 к.) и Ферате (4 к.). По народната традиција, порано во маалото живееле некои православни македонски родови и поради нив маалото се нарекувало Китановци.
  • Родови во маалото Туше Поштр: Иса Туше (13 к.), доселени се од околината на Булчиза. Имаат роднини во селото Трново (Тушевци), со кои биле роднини во Булчиза. Од Булчиза се доселиле тројца браќа, Исо, Идо и Али. Родот потекнува од првиот брат, додека од другиот брат потекнува родот Бандре (или Вандре), а од третиот брат не е зачувано потомството. Големиот род Тушевци во Лопушник (денес дел од Беловиште) е гранка на овој род.[13]
  • Родови во маалото Туше Епр: Шанделе (8 к.), исто потекло како родот Иса Туше; Измете (14 к.), доселени се од околината на Тирана во Албанија. Предците на родот дошле на почетокот на XIX век, како што кажува Неџиб (жив, 44 години во 1947 година)-Јакуш-Ферат-Бешир-Цен, еден од нивните први доселеници.
  • Родови во маалото Диша: Диша (11 к.), тие се најверојатно староседелци во селото и се претпоставува дека можеби потекнуваат од поранешните православни Македонци; Гура (9 к.), доселени се од местото Гури во Љусна, северна Албанија. Во близина на нивните куќи се наоѓа црквиште, имаат роднини во Чегране; Тока (4 к.), доселени се од околината на Булчиза во северна Албанија. Дошле двајца браќа, а тука дошле преку Кичевија во првата половина на XIX век.
  • Родови во маалото Бала: Бала (14 к.), доселени од Булчиза и се еден од најстарите родови во селото. Од нивното семејство, две семејства се отселиле во Гостивар; Жупање или Асане (5 к.), исто потекло како и претходниот род. Имаат роднини во селото Чегране.

Општествени установи уреди

Во минатото селото претставувало седиште на неколкуте околни планински села, па поради тоа во него имало месен народен одбор, полициска станица и болница.[2]

Самоуправа и политика уреди

Кон крајот на XIX век, Србиново било село во Гостиварската нахија на Тетовската каза на Отоманското Царство.

Селото се наоѓа во рамките на Општина Гостивар, која била значително проширена со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно селото било административно седиште на поранешната помала Општина Србиново.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар.

Во периодот 1952-1955, селото било административно седиште на Општина Србиново, во која покрај Србиново се наоѓале Железна Река, Куново, Падалиште, Страјане, Трново и Ќафа. Во периодот 1950-1952 година, селото се наоѓало во тогашната општина Србиново во која влегувале селата Србиново, Страјане и Трново.

Избирачко место уреди

Во селото постојат избирачките места бр. 0521 и 0521/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачка места биле запишани вкупно 1.165 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.183 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости уреди

Археолошки наоѓалишта[17]
  • Анови — средновековна црква и некропола;
  • Баловско Маало — доцноантичка некропола;
  • Ѕвездино Кале — утврдена населба од римско и доцноантичко време;
  • Самоков — средновековна рударска населба; и
  • Црква — средновековна црква и некропола.
Џамии[18]
Споменици
  • Споменик на НОБ
  • Споменик посветен на изградбата на џамијата
Мостови
Реки[19]

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 2,8 Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ. стр. 196–198.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 280.
  4. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  5. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1902, стр. 214.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 8 октомври 2023.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. Албанците во Македонија само од 1780 година, д-р Ристо Ивановски, Битола, 2014 г., 10 стр.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. https://rezultati2021lokalni1krug.sec.mk/mk/mayr/r/20-682. Посетено на 8 октомври 2023. Отсутно или празно |title= (help)
  17. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 115. ISBN 9989-649-28-6.
  18. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  19. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 67. ISBN 978-9989-2117-6-8.
Забелешки
  1. Во пописот од 1991 година, во населените места: Грачани, Никиштане, Ново Село (Боговиње), Раковец, Селце Кеч, Гургурница, Долно Јаболчиште, Клуковец, Добовјани, Врановци, Јажинце, Орашје, Равен, Спас, Богојци, Поум, Џепин, Долна Ѓоновица, Горна Лешница, Групчин, Добарце, Копачин Дол, Ларце, Мерово, Ново Село (Желино), Палатица, Рогле, Седларево, Стримница, Церово, Чифлик (Желино), Грешница, Длапкин Дол, Долно Строгомиште, Колибари, Речани - Зајаско, Вражале, Горно Седларце, Новаќе, Синичане, Мамудовци, Трапчин Дол, Горно Свиларе, Дворце, Рашче, Алашевце, Ваксинце, Виштица, Глажња, Гошинце, Злокуќане, Извор (Липково), Липково, Лојане, Оризари, Отља, Р’нковце, Руница, Слупчане, Стрима, Бибај, Богдево, Грекај, Нивиште, Орќуше, Рибница, Горјане, Градец, Ѓурѓевиште, Ломница, Арангел, Жубрино, Папрадиште, Ќафа, Црвивци, Бојане, Копаница, Паничари, Раовиќ, Чајлане, Патишка Река, Света Петка, Чифлик (Сопиште), Лакавица, Падалиште, Србиново, Страјане, Трново, Франгово, Шум, Алдинци, Горно Количани, Драчевица, Рамни Габер, Црвена Вода, Црн Врв, Нераште, Вејце, Селце, Корито, Блаце, Брест, Танушевци, Ѓермо, Порој, Бозовце, Бродец, Вешала и Шипковица, целото население не прифати да земе учество (го бојкотираше) во Пописот.

Надворешни врски уреди