Спомен-куќа на Страшо Пинџур

меморијален музеј и спомен-куќа

Спомен-куќа на Страшо Пинџур — спомен-куќа во селото Ваташа, роден дом на народниот херој Страшо Пинџур. Оваа спомен-куќа е прогласена за споменик на културата и е заштитена со закон.[1]

Спомен-куќа на Страшо Пинџур
Поглед на спомен-куќата
Спомен-куќа на Страшо Пинџур is located in Македонија
Спомен-куќа на Страшо Пинџур
Местоположба во рамки на Македонија
Карта
Основан1958
МестоВаташа, Македонија Македонија
Координати41°25′01″N 22°01′08″E / 41.4169° СГШ; 22.0188° ИГД / 41.4169; 22.0188
Типспомен-куќа

Историја уреди

Куќата станала музеј во 1958 година, а во 1976 година е целосно обновена и за време на Денот на ослободувањето на градот Кавадарци (7 септември), свечено е пуштена во употреба како меморијален спомен-музеј, во која е сместена и историска поставка за животот и делото на Страшо Пинџур.[1]

Со финансиски средства на Општина Кавадарци и на Министерството за култура, спомен-куќата во текот на 2014 година била целосно обновена, при тоа почитувајќи го автентичниот изглед на истата. Проектот за обнова на куќата бил изготвен од архитектката Гордана Белевска-Мустафа.[1]

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 „Канческа-Милевска во посета на Спомен куќата на Страшо Пинџур“. Република. 1 декември 2014. Архивирано од изворникот на 2018-01-04. Посетено на 10 март 2017.

Надворешни врски уреди

41°25′0″N 22°1′7″E / 41.41667° СГШ; 22.01861° ИГД / 41.41667; 22.01861