Споменик на Никола Карев (Скопје)

Споменикот на Никола Карев е споменик пред Собранието на Република Македонија, во Скопје. Споменикот бил најавен како дел од т.н. проект „Скопје 2014“. Седумметарскиот бронзен споменик го претставува Никола Карев (1877-1905), македонски херој и претседател на Крушевската Република. Излеан во леарницата „Фернандо Маринели“ во Фиренца. Постаментот е висок пет метри и е обложен со травертин и на истиот се поставени четири релјефи со мотиви од македонската историја.[1] Споменикот на Никола Карев, според неофицијални информации чини околу 1 милион евра.

Споменик на Никола Карев
Страничен поглед на споменикот
Координати41°59′35″N 21°25′59.4″E / 41.99306° СГШ; 21.433167° ИГД / 41.99306; 21.433167Координати: 41°59′35″N 21°25′59.4″E / 41.99306° СГШ; 21.433167° ИГД / 41.99306; 21.433167
МестоСобрание на РМ, Скопје
Проектант?
Типкоњички споменик
Материјалбронза
Висина7 м
Завршен2011
Отворен2011
Посветен наНикола Карев
Нарачател: Министерство за култура

Галерија уреди

Извори уреди

  1. „Ќе се издигне седумметарскиот споменик на Никола Карев“. Архивирано од изворникот на 2012-09-13. Посетено на 2012-03-10.